| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска Давкова - Пирц Мусар: ЕУ останува наш приоритет со поддршка од Словенија на тој пат
Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и интегритетот на индивидуите, порача Сиљановска Давкова од Љубљана
Сиљановска Давкова - Пирц Мусар: ЕУ останува наш приоритет со поддршка од Словенија на тој пат
Словенија е и инспиративен пример за тоа како успешно гради функционално и интегрирано европско општество, рече Сиљановска-Давкова / Others

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, рече дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија (ЕУ), по средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

На заедничката прес-конференција, Пирц Мусар и Сиљановска Давкова оценија дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични.

„Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. ​Ги поздравуваме досегашните реформски напори на државата и нивното усогласување со безбедносната политика. Словенија останува цврст и искрен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан“, рече Пирц Мусар.

Таа истакна дека денешните разговори потврдиле оти меѓу двете држави постои високо ниво на доверба и заедничка заложба за понатамошно продлабочување на одличните билатерални односи.

„Вкупната трговска размена во 2025 година достигна 442 милиони евра, што го потврдува позитивниот тренд за натамошен пораст. Големи можности гледаме, пред сè, во земјоделството, обновливите извори на енергија, дигитализацијата, еко и бањскиот туризам“, рече Пирц Мусар.

СиљановскаДавкова, пак, рече дека посетата на Словенија се реализира кога двете држави одбележуваат 35 години независност.

„Денеска потврдивме дека билатерални односи се одлични, но има потенцијал за продлабочување на соработката во економијата, образованието, науката, културата и туризмот. Посебно внимание и посветивме на потребата и можноста од зголемената трговска размена, имајќи предвид дека Словенија и сега е еден од нашите најзначајни инвеститори, особено во енергетиката и зелената транзиција“, рече македонската претседателка и додаде дека директната авионска линија Скопје - Љубљана дополнително ќе придонесе за зголемување на близината.

Силјановска Давкова истакна дека Словенија е и инспиративен пример за тоа како мала држава со стабилни институции, со владеење на правото и демократска партиципативна политичка култура успешно гради функционално и интегрирано европско општество.

„Голем број македонски студенти своето образование го продолжуваат овде. Знам дека младите луѓе преку образованието и научната соработка, стануваат дел од европскиот академски простор. Македонската заедница во Словенија има можност да се организира, да ги негува својот јазик, култура и традиција и да биде вклучена во Советот за народностите, што е уште еден доказ за словенечката демократска зрелост и за почитувањето на културната различност. Знам дека припадниците на македонската заедница во Словенија имаат сè поактивна општествена и политичка улога, преку учество во општинските совети и во Националното собрание. Ова е уште еден доказ дека во духот на европските вредности, успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет, туку негово негување и почитување“, рече македоснката претседателка.

Силјановска Давкова повтори дека државата останува посветена кој европска интеграција, и оти ЕУ беше и останува не само географски, историски, заеднички културен дом, туку и важен приоритет, како и дека очекуваме како и досега, поддршка од Словенија на овој пат.

„Она што сакам да го потенцирам е да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетските прашања, за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет на народите и дигнитетот и интегритетот на индивидуите. Европската Унија, персонифицира единство на различностите. ЕУ останува инспиративна филозофија, ако си ги почитува вредностите и принципите“, рече Силјановска Давкова.

Повеќе
Гренланд: Напредок во преговорите со САД, островот не е на продажба
Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада
Политико: Кој би можел да ја преземе улогата на потенцијален европски преговарач со Русија
Анкета на Њујорк тајмс: Рејтингот на Трамп паднал на околу 37%
Ново тело ќе управува со Ормускиот Теснец, најави Иран
Американски бази во Германија наводно користени за масовни пратки со оружје за Израел
Сиљановска Давкова - Пирц Мусар: ЕУ останува наш приоритет со поддршка од Словенија на тој пат
Туркије ја осуди израелската интервенција врз хуманитарната флотила кон Газа
Иран: Преговорите со САД продолжуваат со посредување на Пакистан
Албанезе: Земјите од Медитеранот да ја заштитат хуманитарната флотила Сумуд од Израел
Израел изградил две тајни воени бази во Ирак за операции против Иран
Медиуми: Израел „се подготвува да заплени флотила што се упатува кон Газа“ во меѓународни води
Киев тврди дека руските трупи нападнале кинески трговски брод во украинските територијални води
Вучиќ: Посетата на Кина ќе биде најзначајната во последните 30 години
Калас: САД, Кина и Русија не ја сакаат силна и обединета Европа