| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Секоја трансплантација е резултат на доверба, тимска работа и посветеност, продолжуваме да ја јакнеме мрежата за трансплантација и да ја поттикнуваме свесноста за дарување органи, оти многу пациенти сè уште чекаат на својата шанса, рече министерот
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Клековски ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител.

„Најголемата благодарност му ја должиме на семејството на починатиот дарител. Во најтешкиот момент, тие донесоа одлука која на двајца наши сограѓани им враќа живот без дијализа. Тоа е чин на исклучителна хуманост, за кој нема доволно зборови. Благодарност и до живот дарител, кој дел од себе им подари на своите најблиски“, изјави министерот Клековски.

Министерот изрази благодарност и до медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за нефрологија, како и до сите вклучени во процесот на координација на дарувањето.

Тој беше придружуван од националната координаторка за трансплантација Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија Башким Шабани и директорот на Универзитетската клиника за нефрологија Никола Ѓорѓиевски.

Со овие три трансплантации, годинава на Универзитетската клиника за урологија се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег, во споредба со 11 во цела 2025 година.

До крајот на годинава се планирани уште три трансплантации од жив дарител.

„Секоја трансплантација е резултат на доверба, тимска работа и посветеност. Продолжуваме да ја зајакнуваме мрежата за трансплантација и да ја поттикнуваме свесноста за дарување органи, бидејќи многу пациенти сè уште чекаат на својата шанса“, додаде Клековски.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните да разговараат со своите најблиски за дарувањето органи, бидејќи изразената волја им ја олеснува одлуката на семејствата во тешките моменти.

Повеќе
Трамп: Не, мислам дека не преговараме со Иран, но ќе се случи нешто
Нападот врз нафтено поле во Саудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата за 2%
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Советник во Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори за Украина во ноември
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Барт де Вевер: Украина нема да се финансира од замрзнатите руски средства
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Канадскиот премиер Карни утре и задутре во посета на Туркије на покана на Ердоган
Европската комисија започна истрага против Booking.com за измами и ризици од измами
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Мерц: Ова не е почеток на трговска војна со Кина, бараме мирни решенија
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Израелските сили урнаа зграда во која живееле 35 Палестинци во Источен Ерусалим