Американски и израелски авиони погодија ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормускиот Теснец, при што загинаа „неколку ирански државјани“, објави денес полудржавната иранска новинска агенција Фарс.
Иако медиумот не го потврди точниот број загинати, некои медиуми јавија дека во нападите се убиени четири лица.
ПРЕПОРАЧАНО
Јавувањата за напади доаѓаат во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој се запре војната што започна со американските и израелски напади врз Иран на 28 февруари, а по што следуваа ирански одмазднички напади.
ИЗВОР:AA











