| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Рама: Србија останува затворена за признавање на Косово
Ни треба Србија да биде со нас, Србија треба да биде дел од соседство што треба целосно да биде дел од ЕУ, изјави Рама на панелот на Самитот за проширување во Брисел во организација на Јуроњуз
Рама: Србија останува затворена за признавање на Косово
Рама изјави дека постојат многу сложени прашања, но додаде дека, на крајот на краиштата, нема ништо подобро од Европската Унија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, коментирајќи ги политичките случувања во Србија и европската перспектива на Западен Балкан, изјави дека Србија останува затворена за признавање на Косово.

Премиерот Рама учествуваше на панелот на Самитот за проширување на Јуроњуз 2026 во Брисел, форум на високо ниво посветен на проширувањето на Европската Унија и европската перспектива на земјите кандидатки за членство.

Рама изјави дека постојат многу сложени прашања, но додаде дека, на крајот на краиштата, нема ништо подобро од Европската Унија.

„Ние сме дел од регион што сè уште не е целосно дел од ЕУ, па затоа ние сме тие што слушаат лекции, а не држат лекции, тоа е правилото тука во Брисел. Затоа нема да му држам лекции никому, туку едноставно ќе кажам дека да, Србија е многу важен дел од мозаикот на Западен Балкан, но отсекогаш сум бил застапник на ставот дека не треба да дозволиме Србија да тргне во погрешна насока и да го напушти европскиот проект бидејќи тоа, пред сè, би му наштетило на нашиот регион“, рече, меѓу другото, Рама.

Зборувајќи и за последните политички случувања во Србија, Рама рече: „Она што го знам е дека победниците (на изборите) во Белград не покажуваат отвореност кон прашањето што ни е најблиско мене и на Албанците, а тоа е прашањето за признавање на Косово. Тие се целосно затворени за ова прашање, што значи дека музиката во Белград нема да се смени“, истакна Рама.

Зборувајќи повторно за Србија, Рама рече: „Србија покажа колебливост во нормализацијата не само со Косово, туку и во односот кон Русија и санкциите. Ни треба Србија да биде со нас, Србија треба да биде дел од соседство што треба целосно да биде дел од ЕУ. Србија треба да покаже резултати и целосно да го заслужи ова членство, целосно спроведувајќи го она што е неподлежен предмет на преговори во односите со ЕУ.“

Зборувајќи за процесот на европска интеграција на Албанија, Рама наведе дека планот за завршување на преговорите е поддржан од Европската комисија.

„Многу напорно работиме на заеднички план, план што е целосно поддржан од (Европската) Комисијата за да ги завршиме преговорите до крајот на 2027 година. Сè се одвива според планот и, доколку продолжи така до крајот на следната година, ќе ги завршиме преговорите“, изјави Рама.

Повеќе
Израелскaтa опозициja го предлoжи Ајзенкот за премиер, ветува формирање Влада на национално единство
Рама: Србија останува затворена за признавање на Косово
Аселсан склучи договор вреден 1,1 милијарда долари за извоз на системи за противвоздушна одбрана
Првата дама на Туркије ги истакнала историските врски со Јужна Кореја за време на посетата на Сеул
Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен
Мисајловски: Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10% од 1 јануари 2027
Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички во АЛТА банка
Министерството за правда на САД ќе ги следи изборите во сите 50 држави за првпат
Авион кој полетал од Израел принудно слета во Софија по заканувачка е-маил порака
Катар: САД и Иран ги разгледуваат предлозите со цел постигнување договор
Украинскиот претседател во посета на Берлин на разговори со Мерц
Ердоган: Разговаравме за постигнување на целта од 15 милијарди долари размена со Јужна Кореја
Неколку училишта блокирани низ Франција, илјадници луѓе се очекува да се приклучат на протестите
Виткоф: САД ќе посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина на 10 и 11 ноември
Израел заплени над 26 дунуми палестинска земја на окупираниот Западен Брег