| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган: Туркије и САД мора да им дадат „нов замав“ на односите и да ги надминат пречките
Турскиот претседател ги пофали односите со Вашингтон, истакнувајќи дека одбраната традиционално е една од најсилните области на партнерството, како и дека Анкара е подготвена да ја унапреди соработката во нуклеарната енергија и цивилната авијација
Ердоган: Туркије и САД мора да им дадат „нов замав“ на односите и да ги надминат пречките
Ердоган во вторник по 16-ти пат ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Туркије и САД мора да им дадат „нов замав“ на своите односи преку надминување на пречките што постојат меѓу нив, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Сакаме да им дадеме нов замав преку надминување на пречките кои воопшто не би требало да постојат меѓу двата сојузници“, рече Ердоган на еден настан во Њујорк.

„Од суштинско значење е унапредувањето на одбранбената индустрија- која традиционално е една од најсилните области на нашето партнерство меѓу Туркије и САД- како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО“, рече тој.

„Подготвени сме да ја унапредиме соработката што ја воспоставивме со САД во области како што се нуклеарната енергија, енергетиката (вклучително и ЛНГ), цивилната авијација и високите технологии“, додаде тој.

„Продлабочувањето на нашата соработка со Соединетите Држави на повеќедимензионален начин, вклучително и преку можности за заедничко производство, ќе биде во наш заеднички интерес“, рече тој.

Ердоган изјави дека турските компании достигнале ниво што им овозможува да инвестираат во САД, изразувајќи уверување дека Туркије наскоро ќе се најде меѓу првите 10 извозници на одбранбена опрема во светот.

„Се надевам дека силните врски и сојузништвото меѓу Туркије и Соединетите Држави дополнително ќе зајакнат во вториот век од нашите дипломатски односи“, рече тој.

Ердоган исто така истакна дека Туркије ја задржала и зајакнала својата позиција како „остров на стабилност“ и покрај кризите и конфликтите во нејзиното опкружување.

Гласот на угнетените

Ердоган во вторник по 16-ти пат ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН.

Претходно, директорот за комуникации при Претседателството, Бурханетин Дуран, изјави дека гласот на Туркије и гласот на совеста повторно ќе се слушнат од говорницата на ОН.

„Нашиот претседател повторно ќе се заложи за правда во обраќање со кое ќе се гордее нашата нација; тој ќе биде гласот на угнетените, на оние чиј глас не се слуша и на оние што чекаат правда“, напиша Дуран на турската платформа за социјални медиуми НСосијал (NSosyal).

„Тој ќе го пренесе повикот за правда- од Газа до угнетените ширум светот- до заедничката совест на човештвото. Бидејќи светот заслужува поправеден поредок во кој правдата, владеењето на правото и гласот на човештвото се одлучувачки. За поправеден свет, Ердоган е гласот на правдата!

Повеќе
Зеленски:  Украина е подготвена да ги запре нападите врз руските енергетски објекти
Калас: Потребни се повеќе бродови во Црвеното Море за безбеден транспорт
ЕУ без потврда на договорот за санкции на двајца руски олигарси
Дизелот од денеска поскап, бензините поевтини
Ердоган повикува на реформа на Советот за безбедност на ОН и на укинување на правото на вето
Ердоган: Туркије работи на проширување на соработката со Виетнам
Фидан: САД да го искористат влијанието врз Израел за да ги прекинат дестабилизирачките активности
Ердоган утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации
Данска: Безбедносниот договор за Гренланд ќе го стави Арктикот под надзор на НАТО
Бурханетин Дуран: Турција ќе продолжи со дипломатијата за „поправеден свет“
ЕУ предлага систем за рангирање на потрошувачката на енергија и вода во дата центрите
Медиумски организации ќе ја тужат Белата куќа за одземените акредитации
ЕУ ќе воведе санкции против Русија поради изборите во окупираните делови на Украина
Избори во Русија: Партијата на Путин освои рекорден број пратенички места
Промовирана Стратегијата за дигитално здравство-хроничните пациенти ќе се следат на далечина