| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Министрите Клековски и Мемишоглу потпишаа Меморандум за разбирање во областа на здравството
„Целта ни е да ја унапредиме заедничката соработка во повеќе области, пред сè во јавното здравје, лековите и медицинските помагала, инвестициите во здравството и дигитализацијата на здравствените услуги.“
Министрите Клековски и Мемишоглу потпишаа Меморандум за разбирање во областа на здравството
Министрите Клековски и Мемишоглу потпишаа Меморандум за разбирање во областа на здравството / َAA

Министерот за здравство на Република Туркије Кемал Мемишоглу соопшти дека е потпишан „Меморандум за разбирање во областа на здравството и медицинските науки“ со цел унапредување на соработката во здравствениот сектор меѓу Туркије и Северна Македонија.

Во објава на својот профил на социјалната мрежа „NSosyal“, Мемишоглу истакна дека продолжуваат да ја зајакнуваат меѓународната соработка во здравството.

Наведувајќи дека се сретнал со македонскиот министер за здравство Сашо Клековски, во рамки на 12. Турски конгрес на медицинскиот свет, Мемишоглу информираше дека го потпишале „Меморандумот за разбирање во областа на здравството и медицинските науки“ со цел унапредување на здравствената соработка меѓу двете земји.

„Целта ни е да ја унапредиме заедничката соработка во повеќе области, пред сè во јавното здравје, лековите и медицинските помагала, инвестициите во здравството и дигитализацијата на здравствените услуги. Искрено верувам дека во наредниот период нашата соработка во областа на здравството дополнително ќе се зајакне и посакувам потписите што ги ставивме да донесат добробит за двете земји“, истакна Мемишоглу.

Македонскиот министер за здравство Клековски во објава на социјалните мрежи информираше дека на средбата со турскиот колега Мемишоглу разговарале за билатералните односи, при што беше нагласено пријателството меѓу нашите две држави.

Министерот Клековски на својот колега му се заблагодари за помошта и солидарноста на Туркије по трагедијата во Кочани.

„Вистинските пријатели се покажуваат во најтешките моменти“, истакна Клековски.

Како подрачја на соработка се издвоени: дигитално здравство, стручна размена и едукација на специјалисти, соработка во лекови и вакцини

Исто така, потпишан е Меморандумот за разбирање за соработка во здравството – рамка за конкретни заеднички проекти во корист на граѓаните на двете земји.

Во конкретизацијата на соработката ќе се вклучи и USHAŞ – турската државна агенција за меѓународни здравствени услуги, информираше Клековски.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Големи донатори, поголеми влогови: Парите ги обликуваат трките на среднoрочните избори во САД
Теленовела во живо: Приказната за семејството Болсонаро
Избори во Израел: Што значат рекордните бројки на арапските партии за ционистичката политика
Како растечките тензии меѓу САД и Украина ќе го обликуваат текот на војната?
Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово
Зеленски доаѓа во Туркије на разговори со Ердоган за војната во Украина и безбедноста во Црното Moре
Емине Ердоган повикува на посилна соработка во однос на жените и семејствата низ туркискиот свет
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Ердоган: Нема трајно решение за Кипар без заштита на правата на кипарските Турци
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Од 1 мај директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави