| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово
Судот утврдил сериозни недостатоци во образложенијата на пониските судови, особено во делот на причинско-последичната врска меѓу постапувањето на обвинетите и трагедијата, како и во оценувањето на доказите за причините на пожарот
Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово
Во трагедијата на 8 септември 2021 година во болницата за лекување на пациенти со Ковид19 загинаа 14 лица, а 12 други беа повредени

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и на Апелациониот суд Гостивар за пожарот во тетовската модуларна болница каде се лекувале пациенти со Ковид-19, во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, а 12 луѓе беа повредени.

Со пресудата се уважени барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесени од двајцата осудени, поранешниот директор на Клиничката болница Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор Артан Етеми.

Тоа значи дека предметот се враќа во Основниот суд Тетово на повторно постапување и одлучување.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 22.10.2026 година, донесе пресуда во предметот КВП2-36/26 (во јавноста познат како Модуларна болница Тетово), со која ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените, поднесени преку нивните бранители, а пресудата на Основен суд Тетово К-512/24 од 16.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ-211/25 од 26.11.2025 година, ги укина и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување“, соопштија денеска од судот.

Судот утврдил сериозни недостатоци во образложенијата на пониските судови, особено во делот на причинско-последичната врска меѓу постапувањето на обвинетите и трагедијата, како и во оценувањето на доказите за причините и ширењето на пожарот.

Барањето, пак, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на обвинетото правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово, Врховниот суд го отфрли како недозволено,.

Предметот еднаш веќе беше вратен на повторно судење со одлука на второстепениот суд.

Во втората жалбена постапка во декември 2025 година Апелацискиот суд Гостивар на Бесими и на Етеми им ги зголеми затворските казни од 18 месеци на 3 години затвор за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност.

На Клиничката болница Тетово како правно лице, паричната казна ѝ беше зголемена од еден на 1,3 милион денари.

За Врховниот суд спорни се и различните вештачења за причините за пожарот. Според едното вештачење, пожарот настанал поради електрична куса врска поврзана со кабелот на дефибрилатор што бил користен при реанимација на пациент.

Во друго вешташење, извршено од германски форензичари се наведува дека пожарот најверојатно избувнал во близина на еден од креветите во болничката соба, но дека поради големиот степен на уништување не можеле да се утврдат јасни докази за точната причина.

Во него се посочува и дека брзото ширење на огнот било потпомогнато од високата концентрација на кислород и запаливите материјали употребени во објектот.

Врховниот суд го поставува и прашањето зошто не било прифатено барањето на одбраната на главната расправа да биде сослушан германскиот вештак, иако неговиот наод бил изведен како доказ.

Паралелно со судскиот процес за пожарот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 20 август 2026 година, по скоро пет години ја затвори предистражната постапка за набавката и изградбата на 19 модуларни болници, оценувајќи дека нема докази за злоупотреба на службената положба ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Повеќе
Големи донатори, поголеми влогови: Парите ги обликуваат трките на среднoрочните избори во САД
Теленовела во живо: Приказната за семејството Болсонаро
Избори во Израел: Што значат рекордните бројки на арапските партии за ционистичката политика
Како растечките тензии меѓу САД и Украина ќе го обликуваат текот на војната?
Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово
Зеленски доаѓа во Туркије на разговори со Ердоган за војната во Украина и безбедноста во Црното Moре
Емине Ердоган повикува на посилна соработка во однос на жените и семејствата низ туркискиот свет
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Ердоган: Нема трајно решение за Кипар без заштита на правата на кипарските Турци
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Од 1 мај директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави