| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Романскиот министер за одбрана Раду Мируца изјави дека романските борбени авиони имале овластување за дејство, но дека дронот не можел да биде соборен без ризик за цивилното население и поголема штета во градот
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
И во април руски дрон се урна во градот, удирајќи во анексот на станбена зграда и предизвикувајќи помала материјална штета / Reuters

Беспилотно летало се урна во станбена зграда во југоисточниот романски град Галати, во близина на границата со Украина, при што се повредени две лица и предизвикан е пожар, соопштија властите денес.

Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија во објава на Фејсбук соопшти дека беспилотното летало погодило 10-катен станбен блок и дека околу 70 луѓе биле евакуирани.

„Во текот на ноќта меѓу 28 и 29 мај, Руската Федерација ги обнови нападите со беспилотни летала врз цивилни и инфраструктурни цели во Украина, во близина на речната граница со Романија“, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Министерството наведе дека беспилотното летало бил следено со радар пред да се урне во станбената зграда.

„Беспилотното летало влезе во романскиот воздушен простор, при што беше следено со радар до јужниот дел на град Галати, и се урна на покривот од блок станбени згради, а по ударот следуваше пожар“, се вели во соопштението.

Романија соопшти дека два борбени авиони Ф-16 полетале од воената база Фетешти, поддржани од хеликоптери на романското воздухопловство, додавајќи дека на местото на настанот биле испратени екипи за итни случаи, полиција и разузнавачки служби.

Романскиот министер за одбрана Раду Мируца денес изјави дека романските борбени авиони подигнати за време на рускиот напад врз украинската пристанишна инфраструктура имале овластување за дејатво, но дека дронот што ја погодил станбената зграда во Галац не можел да биде соборен без ризик за цивилното население и поголема штета на градот.

Мируца изјави дека дронот од типот „геран-2“ бил откриен и следен од радарот што неодамна бил инсталиран во областа Галац, по сличен инцидент што се случил пред две недели.

„Да, бил откриен и следен од радар во зоната Галац. Да, борбените авиони имале дозвола да дејствуваат. Но, во четирите минути додека бил во романскиот воздушен простор, не било можно да се дејствува без ризик ракетата да предизвика поголема штета во Галац“, објасни Мируца.

Тој објави дека веднаш го информирал шефот на државата и сојузниците од НАТО за инцидентот, како и дека имал телефонски разговор со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Повеќе
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт
Јужнокорејски активисти ги обвинија израелските сили за тортура и сексуалнo злоставување во притвор
Милановиќ: Заплашувањето на Вучиќ со напад од Хрватска е комично, но и вознемирувачко
Поранешен офицер на ЦИА обвинет за кражба на 40 милиони долари во златни прачки кои ги криел дома