| Macedonian
Создадени првите нуклеарни часовници во светот кои се неверојатно точни
Атомските часовници, кои поставуваат глобални временски стандарди, се неверојатно точни, но можат да бидат чувствителни на вибрации или промени во температурата
Создадени првите нуклеарни часовници во светот кои се неверојатно точни
Атомските часовници, кои поставуваат глобални временски стандарди, се неверојатно точни

Научниците ги изградија првите „нуклеарни часовници“ во светот, што е голем чекор кон построги, потенцијално попрецизни мерачи на времето, кои би можеле да помогнат и во истражувањето на скриените тајни на универзумот.

Според извештај објавен од списанието „Нејчр“, два независни тима - еден во Европа и еден во Кина - создадоа функционални уреди што го мерат времето користејќи ги енергетските поместувања во јадрото на атомот, а не неговите електрони, како што прават денешните атомски часовници.

Атомските часовници, кои поставуваат глобални временски стандарди, се неверојатно точни, но можат да бидат чувствителни на вибрации или промени во температурата.

Нуклеарните часовници, кои го користат реткиот изотоп ториум-229 вграден во кристали, ветуваат поголема стабилност и преносливост бидејќи јадрото е заштитено длабоко во атомот.

Идејата, првпат предложена пред повеќе од 20 години, стана изводлива по клучните напредоци во 2024 година што овозможија прецизна ласерска контрола на јадрото на ториумот.

Во новата работа, истражувачи од ТУ Виена во Австрија и Универзитетот Цингуа во Пекинг користеле специјализирани ултравиолетови ласери и системи за повратна информација за да го заклучат нуклеарниот „отчук“, овозможувајќи часовниците да функционираат сигурно.

Нивните рани прототипови отстапуваат за околу една секунда на секои неколку милиони години - импресивно за прв обид, иако сè уште зад врвните атомски часовници.

Дизајните базирани на кристали бараат помалку екстремно ладење, отворајќи ги вратите за употреба во навигација, комуникации и компактни уреди.

Освен подобри часовници, тие нудат нова алатка за фундаментална физика, како што е откривање на можни ефекти на темната материја или мали промени во константите на природата.

Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран