Аргентина останува на патот на одбрана на светската титула, откако со голем превсрт од 0:2 до 3:2 го победи Египет во осминафиналето.
Аргентнците беа подобар противник во текот на целиот натпревар, но Египет знаеше да ги користи своите шанси и им направи сериозни проблеми на „Гаучосите“. По неколку пропуштени прилики Ибрахим во 15. минута ги донесе Египќаните во водство.
Ново возбудување веќе во 19.минута, кога Хасан направи прекршок во сопствениот казнен простор, а судијата Летесие без размислување покажа на белата точка. Лионел Меси ја презеде одговорноста, но неговиот удар Шобир го одбрани.
Тоа беше втор промашен пенал на Меси на Мундијалот или четврти од осум изведени удари од 11 метри на Светските првенства.
Во 28. минута се обиде Мекалистер со глава, но египетскиот голман одлично одбрани. Во 31. Меси од слободен удар од преку 30 метри ја погоди стативата.
И второто полувреме почна со офанзива на Аргентинците.
Во 58. минута по една брза контра, Египќаните преку Зико постигнаа и втор гол. Но по сугестија од ВАР соба и прегледување на снимката голот беше поништен, бидејќи на извонредниот контранапад му претходеше фаул над Лесандро Мартинез.
Затоа, пак, се беше чисто во 67. минута кога по акцијата на Салах и асистенцијата на Хасан во листата на стрелци се запиша Зико за водство на Егпиет од 2:0.
Светскиот првак Аргентина, сепак успеа се врати во игра и тоа набрзина за четири минути. Прво во 79.минута кога по центаршутот на Меси на вистинско место беше Ромеро кој со глава намали на 1:2.
Веќе во 83. минута дојде израмнувањето на 2:2, а стрелец беше Лионел Меси со својот осми гол на Мундијалот.
Почна втората минута од судиското дополнение, кога по една брза контра од десната страна Енцо Фернандез со глава ја затресе мрежата на Египет за конечни 3:2.
Решавачкиот момент се случи во 92. минута. Египет ја имаше првата шанса, но откако ја загуби топката, Аргентина изведе контранапад.
Мартинез испрати долг центаршут од десно, а Фернандез ја дочека топката и ја испрати со глава во спротивниот агол од голот на Египет за 3:2 и голема прослава на „Гаучосите“.




















