| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Израел уби осум лица во јужен Либан, меѓу нив и болничари
Либанската армија објави дека двајца од нејзините војници биле ранети како резултат на непријателски израелски оган насочен кон армиска патрола, што е прв таков извештај откако започнало примирјето
Израел уби осум лица во јужен Либан, меѓу нив и болничари
Според официјалните либански бројки, во израелските напади од 2 март загинаа најмалку 2.534 лица, а повеќе од 1,6 милиони се раселени / Reuters

Либанското министерство за здравство соопшти дека во израелските напади загинале осум лица, вклучувајќи спасувачи од цивилната одбрана, а се ранети двајца војници на југот на земјата и покрај тековното прекин на огнот.

„Во воздушниот напад на израелскиот непријател врз градот Мајдал Зун, според прелиминарните бројки, загинале пет лица“, соопшти министерството, додавајќи дека тројца болничари настрадале додека спасувале луѓе под урнатини.

Други две лица загинале во Џебчит, додека едно лице загинало во напад врз Џваја во кој биле повредени 15 други, вклучувајќи пет деца.

Либанската армија објави дека двајца од нејзините војници биле ранети „како резултат на непријателски израелски оган насочен кон армиска патрола“, што е прв таков извештај откако започнало примирјето.

Претседателот на Либан Џозеф Аун ги осуди нападите, наведувајќи: „Израел продолжува да ги крши меѓународните закони и конвенции што ги штитат цивилите“.

Израел, исто така, издаде нови наредби за евакуација на повеќе од десетина села, повикувајќи ги жителите да се преселат на север.

Според официјалните либански бројки, во израелските напади од 2 март загинаа најмалку 2.534 лица, а повеќе од 1,6 милиони се раселени.

Повеќе
Хрватска и БиХ потпишаа договор за гасоводот Јужна интерконекција
Дали Израел го реплицира моделот на Газа во Либан со својата тампон-зона „Жолта линија“?
Поранешниот шеф на Мосад го споредува насилството на Западниот Брег со Холокаустот
ОН: Зголемен ризик за сириските цивили по проширувањето на израелските операции
Иран: САД повеќе не се во позиција да им „диктираат“ политика на други нации
Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
Германија депортира 25 осудени мажи во Авганистан поради построга имиграциска политика
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор
Прогресивните ја критикуваат ЕПП за блокирање на дебатата за Газа
Калас: Блокадата на Ормускиот Теснец е опасен преседан
Јужна Кореја бара итна меѓународна акција за севернокорејското нуклеарно прашање
Велосипедистите на Тур оф Туркије служат како пример за углед, подигнувајќи ја свеста за дијабетесот
Трамп незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми
Двајца израелски војници повредени при напад со дрон во јужен Либан