Колумна на Н.Е. Фатих Улусој, Амбасадор на Република Туркије во Скопје
„На 15 јули 2016 година обидот за крвавиот преврат oд терористичката организација Фетулах (ФЕТО) преку нејзините членови, кои се инфилтрирале во турските вооружени сили, беше спречен со одлучноста, решителноста, волјата, храброста, пожртвуваноста на турската нација и одлучниот и храбар став на нашиот почитуван претседател; турскиот народ застана зад демократските институции и зад власта, која е избрана преку демократски избори. Во десетте години по обидот за преврат, Туркије ги зајакна своите демократски институции и капацитетот за управување.
Победата на националната волја на нејзината десетгодишнина
Поминаа десет години од обидот за државен удар извршен од страна на фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО) вечерта на 15 јули 2016 година, која имаше цел да го собори уставниот поредок на Република Туркије, претседателот и легитимно избраната влада.
Ноќта на 15 јули 2016 година турската нација го ризикува својот живот во одбрана на нашата Република, основана според принципот на „суверенитетот безусловно ѝ припаѓа на нацијата“ и легитимната влада, која дојде на должност по демократските избори. За време на нападот на предавниците врз Големото национално собрание на Туркије, кое ја претставува волјата на нацијата, претставниците од владејачките и опозициските партии собрани во Собранието, обединувајќи се, дадоа пораки на единство и солидарност. Народот во Анкара, Истанбул и во уште многу градови им се спротивставија на членовите на ФЕТО, кои ги користеа тенковите, воените авиони, хеликоптерите на нацијата против нацијата, излегоа на улица и докажаа дека нема да се покорат на државниот удар.
Предавничкиот обид за државен удар, при што 253 наши државјани ги загубија своите животи, над две илјади наши државјани беа ранети, беше поразен како резултат на нашата нација, која покажа општествен народен отпор, кој служи за пример во историјата на светската демократијата. Одлучниот став на нашиот почитуван претседател, меѓупартискиот консензус на нашите пратеници и заедничката волја и непоколебливиот став на нашата нација во сите сегменти ја донесоа победата. 15 јули е победа на нацијата, на националната волја, независноста, демократијата.
Победата од 15 јули, која влезе во историјата на светската демократија, претставува моќен пример за заштита на демократскиот легитимитет преку волјата на народот. Изложената волја на 15 јули не е само извор на заедничкиот успех на нацијата и заедничките вредности и достигнувања што и денес ги присвојуваме, туку истовремено е и еп на самодоверба и единство. Таа е гаранција за долгорочна стабилност, независност и иднина на Туркије.
Потребно е сите да запомниме една важна работа, а тоа е дека ФЕТО, чие темно и валкано лице е откриено со судски одлуки и признавања од самата организација, не е само за Туркије, туку тоа е сериозен ризик и за демократијата и за институционалните структури во земјите во кои се наоѓа.
Во последователниот период, како резултат на сеопфатната борба на нашите демократски институции и силите за спроведување на законот, вклучувајќи ја и нашата Армија, во јавниот и приватниот сектор, сè со цел расчистување од ФЕТО и поврзаните структури, се спроведоа правни процеси и како резултат на сето ова се елиминира сферата на дејствување внатре во земјата.
Туркије со расчистување на своите институции од ФЕТО ги зајакна демократската издржливост и капацитетот на владеење како една држава која е отпорна на кризи, стабилна и со висок институционален капацитет. Со едно сфаќање на мобилизирање на домашните и националните можности, со активностите во полињата на надворешна политика, одбранбена индустрија, хуманитарна помош, безбедност, технологија, здравство, транспорт, инфраструктура и развој, ја зајакна својата моќна позиција во меѓународната сцена.
По 10 изминати години од обидот на кукавичкиот обид за државен удар, Република Туркије, чиј компас е национална волја и национален суверенитет, го одржува своето национално единство и заедништво, и безбедно чекори кон иднината. Туркије и во наредниот период ќе продолжи да игра активна улога како ефикасен, одговорен и одлучен актер на регионално и глобално ниво во рамките на својата хуманитарна, претприемачка и ефикасна надворешна политика заснована врз база на мир, дипломатија, развој и соработка.























