| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Економската соработка и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Мицкоски-Орбан во Будимпешта
Двајцата премиери разговараа и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој.
Економската соработка и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Мицкоски-Орбан во Будимпешта
Mickoski - Orban
пред 4 часа

Унапредување на економската соработка, привлекување нови инвестиции, зголемување на трговската размена и реализација на конкретни проекти од заемен интерес. Ова беа клучните теми на разговор меѓу македонскиот и унгарскиот премиер Христијан Мицкоски и Виктор Орбан на нивната средба во Будимпешта.

„Двајцата премиери разговараа и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Во однос на европската перспектива беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем”, се вели во соопштението на македонската влада.

На средбата беше посочено дека партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба, заеднички вредности и конкретна соработка. Двете земји, како што беше истакнато, градат стратешки сојуз насочен кон економски развој, политичка поддршка и заедничко справување со предизвиците на современото време.

Премиерот Мицкоски како што се вели во соопштението на Владата ја истакнал и вредносната димензија на односите меѓу двете држави, нагласувајќи дека заедничките вредности семејството, традицијата и зачувувањето на националниот идентитет претставуваат темел на стабилни и просперитетни општества.

Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски се обрати и на настан во организација на Mathias Corvinus Collegium, каде што говореше за значењето на лидерството, визијата и храброста во време на сериозни европски и глобални предизвици.

 

Повеќе
Кина бара што е можно поскоро разговори меѓу САД и Иран, го пофали посредништвото на Пакистан
Иран извршил над 5.400 напади од почетокот на војната со САД и Израел
Предводен од првата дама на Туркије, светот го одбележува Меѓународниот ден на нула отпад
Трамп навестува заземање на островот Харг и заплена на иранската нафта
ЕУ: Забраната на патријархот да влезе во црквата во Ерусалим е „кршење на верската слобода“
САД дозволија руски танкер за нафта да ја пробие блокадата и да отплови кон Куба
Германската крајно десничарска AфД бара повлекување на американските трупи
Вучиќ прогласи победа на локалните избори: Благодарност до Србија за довербата
Гутереш: ОН остро го осудува убиството на мировникот во Либан
Туркије развива сопствена „Челична купола“ за противвоздушна одбрана
Мировник на ОН убиен во ракетен напад во Либан
Иран: Четири експлозии во Ком по нападите на САД и Израел
Трамп: Голем ден во Иран, уништивме многу цели
Фидан ја смета војната на САД и Израел против Иран за нелегална и повикува на притисок врз Тел Авив
Паузата на Трамп со Иран: Дипломатски прозорец или одбројување до ескалација?