Израелска воена патрола извршила рација во селото Ал-Кан ал-Гарби, во близина на позиција на ОН во јужниот рурален дел на сириската провинција Кунејтра, што претставува уште едно прекршување на суверенитетот на арапската земја, објавија сириските медиуми денес.
Телевизијата „Алихбарија“ објави дека израелските сили за време на рацијата претресувале неколку куќи.
Засега нема дополнителни информации за евентуални жртви или приведени лица.
Во изминатите месеци, во јужна Сирија се регистрирани повторливи израелски упади и напади, вклучително и рации, претреси, апсења и воспоставување воени контролни пунктови.
Прекршувањата се интензивираа по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година, кога Израел прогласи дека Договорот за раздвојување на силите од 1974 година е неважечки и презеде контрола врз сириската тампон-зона.


















