| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Курти: НАТО е стратешка ориентација за Косово
Премиерот изрази благодарност за континуираната посветеност на НАТО кон мирот, стабилноста и превенцијата во Косово и на Западен Балкан
Курти: НАТО е стратешка ориентација за Косово
Kurti akuzon opozitën për delegjitimim të rezultatit zgjedhjor të 28 dhjetorit / AA

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека НАТО претставува безбедносен столб и стратешка одредница за Косово, нагласувајќи дека мисијата КФОР останува клучна за стабилноста не само на земјата, туку и на регионот.

Курти ја даде изјавата во Приштина по состанокот со делегацијата на НАТО и Европската Унија, предводена од адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, и генералот Шон Кленси, претседател на Воениот комитет на ЕУ.

На состанокот присуствуваше и косовскиот министер за одбрана Ејуп Македончи.

За време на состанокот со делегацијата на НАТО, Курти изрази благодарност за континуираната посветеност на НАТО кон мирот, стабилноста и превенцијата во Косово и Западен Балкан, велејќи дека улогата на КФОР останува клучна не само за безбедноста на земјата, туку и за целиот регион.

Тој нагласи дека за Косово, НАТО не е само гарант на безбедноста, туку и стратешка ориентација и дестинација.

Курти рече дека во контекст на процесот на европска интеграција, покрај политиката на пристапување, треба да се даде важност и на желбата за членство. Во регионален контекст, Курти ги спомена „дестабилизирачките намери на Србија поддржани од Русија“.

Македончи рече дека на состанокот со делегацијата на Воениот комитет на НАТО разговарале за актуелните безбедносни случувања, развојот на Косовските безбедносни сили и придонесот на Република Косово кон регионалната и глобалната безбедност.

„Ја нагласив стратешката цел што ја има Република Косово за членство во Европската Унија и НАТО, подвлекувајќи ја важноста на овие процеси, не само за целокупниот развој на земјата, туку и за зајакнување на стабилноста и безбедноста во регионот“, напиша Македоничи по состанокот.

Тој рече дека ја информирал делегацијата на Воениот комитет на НАТО за стратешките цели на Министерството за одбрана за следните четири години, кои се насочени кон понатамошен развој на капацитетите на КБС, спроведување сеопфатна одбрана, развој на одбранбената индустрија, меѓународна соработка и самоодржливост.

„Членството на Косово во евроатлантските структури е природен и неопходен чекор, што придонесува за одржлив мир, продлабочена меѓународна соработка и посилна безбедносна архитектура во Европа“, додаде Македончи.

Повеќе
Прогресивните ја критикуваат ЕПП за блокирање на дебатата за Газа
Калас: Блокадата на Ормускиот Теснец е опасен преседан
Јужна Кореја бара итна меѓународна акција за севернокорејското нуклеарно прашање
Велосипедистите на Тур оф Туркије служат како пример за углед, подигнувајќи ја свеста за дијабетесот
Трамп незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми
Двајца израелски војници повредени при напад со дрон во јужен Либан
Рубио: Ветувачки знаци дека Хамас ќе се демилитаризира
Најмалку четворица загинати во израелските воздушни напади врз јужен Либан
Авионот на Херцог на заобиколен лет кон Казахстан по забраната за влез во турскиот воздушен простор
Пленковиќ: Муслиманите интегрирани во хрватското општество
Путин: Иранскиот народ храбро и херојски се бори за независноста и суверенитетот
Ердоган: Вештачката интелигенција и роботиката носат промена слична на индустриската револуција
Кина: Законот за индустриско забрзување на ЕУ дискриминира, можни се контрамерки
Мерц: Украина можеби ќе мора да прифати губење на дел од територијата за да биде членка на ЕУ