Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за прекин на војната е електронски потпишан, додавајќи дека официјалната церемонија на потпишување ќе се одржи во Швајцарија в петок, пренесува Анадолу.
„Меморандумот за разбирање од Исламабад стапува на сила веднаш и како прв чекор, Исламската Република Иран моментално ќе го отвори Ормускиот Теснец, а Соединетите Американски Држави веднаш ќе ја укинат поморската блокада“, соопшти Шариф.
„Пакистан, со поддршка на Катар како копосредник, ќе биде домаќин на официјалната церемонија закажана за 19 јуни 2026 година во Швајцарија, со цел да се одбележи овој историски настан и да започнат преговорите на техничко ниво“, додаде тој.
Шариф му се заблагодари на Катар за поддршката како кoпосредник и ги пофали Саудиска Арабија, Туркије и Египет за „нивната незаменлива улога и непроценлив придонес во овој поглед“.
„Нека овој меморандум за разбирање служи како траен темел за поголемо разбирање, заемна почит и заеднички просперитет за целиот регион“, додаде премиерот.


















