| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Лига на нации: Чави и Клоп дебитираа на клупите на Холандија и Германија во натпревар без победник
Холандија и Германија одиграа 1:1 во Амстердам, Србија беше поразена во Белград од Грција со 1:2, Норвешка ја победи Данска 3:2 во скандинавското дерби во Осло, Португалија славеше со 1:0 дома против Велс, а Косово со 1:0 ја победи Ирска
Лига на нации: Чави и Клоп дебитираа на клупите на Холандија и Германија во натпревар без победник
Коди Гапко во првата минута од судиското продолжение со извонреден гол ѝ донесе реми на Холандија

Петтото издание на Лигата на нации на УЕФА (сезона 2026/27) во која учествуваат 54 репрезентации поделени во четири лиги почна во четвртокот со дербито меѓу Холандија и Германија, кој заврши без голови.

Натпреварувањето ќе биде поврзано и со квалификациите за ЕУРО 2028; најдобро рангираните победници на групите во Лигата на нации, кои нема да успеат да се квалификуваат преку редовните европски квалификации, би можеле да обезбедат место во плејофот.

Во Лигата А, групата А1 ја сочинуваат Франција, Италија, Белгија и Туркије.

Групата А2 ја сочинуваат Германија, Холандија, Србија и Грција, додека Шпанија, Хрватска, Англија и Чешка се во групата А3. Португалија, Данска, Норвешка и Велс ја сочинуваат групата А4.

Во Лигата Б, групата Б1 ги вклучува Шкотска, Швајцарија, Словенија и Северна Македонија. Унгарија, Украина, Грузија и Северна Ирска се во групата Б2.

Групата Б3 ја сочинуваат Израел, Австрија, Република Ирска и Косово, додека Полска, Босна и Херцеговина, Романија и Шведска ја сочинуваат групата Б4.

Во Лигата Ц, Албанија, Финска, Белорусија и Сан Марино се во групата Ц1.

Групата Ц2 ја сочинуваат Црна Гора, Ерменија, Кипар и Латвија. Казахстан, Словачка, Фарските Острови и Молдавија се во групата Ц3, додека Исланд, Бугарија, Естонија и Луксембург ја сочинуваат групата Ц4.

Во Лигата Д, групата Д1 ги вклучува Гибралтар, Малта и Андора, додека Литванија, Азербејџан и Лихтенштајн се во групата Д2.

Холандија и Германија одиграа 1:1 во Амстердам, на натпревар на кој дебитираа новите селектори на двете репрезентации- Чави и Јирген Клоп.

Германија поведе со голот на Феликс Нмехе во 32. минута, додека Холандија израмни преку Коди Гакпо во судиското продолжение (90+1).

Српската фудбалска репрезентација беше поразена дома во Белград од Грција со 1:2, откако домаќините поведоа преку Андрија Живковиќ во 4 минута. Грците во вториот дел направија целосен пресврт откако Цолис израмни во 74. минута, а Дувикас во 5. минута од судиското продолжение им донесе победа на гостите/

Португалија славеше со 1:0 дома против Велс благодарение на голот на Жоао Феликс, додека Норвешка ја победи Данска со 3:2 во скандинавското дерби во Осло.

За Норвежаните два гола постигна Ерлинг Халанд, а вториот во 74. минута беше победнички. Данците губеа со 2:0, израмнија во второто полувреме, но не можеа да избегнат пораз.

Австрија славеше победа од 3:1 дома против Израел, а домаќините постигнаа два гола во судиското продолжение.

Израелскиот напаѓач Саид Абу Фарчи беше исклучен откако го постигна израмнувачкиот гол, сето тоа поради начинот на кој славеше, при што го искористи корнер знаменцето за да симулира пукање од пушка.

Абу Фарчи постигна гол со глава во второто полувреме за израмнување на резултатот откако Австрија претходно поведе на Рајфајзен Арена во Линц.

20-годишникот се стрча кон корнер знаменцето, го зграпчи и со гест имитираше пукање како дел од неговата прослава.

Судијата му покажа втор жолт картон, а потоа и црвен, оставајќи го Израел со десет играчи на теренот, што го искористија Австријците и со два гола го решија натпреварот.

Косово, пак, ја победи Ирска дома 1:0 со голот на Ведат Муриќи во 83. минута, Литванија го победи Лихтенштајн со 2:0, а Андора загуби 2:1 од Малта.

Останатите натпревари од првото коло се играат денеска и утре, второто коло од 27 до 29 септември, а третото коло ќе се одигра од 30 септември до 3 октомври.

Четвртото коло ќе се одржи од 4 до 6 октомври, додека последните две кола се закажани за периодите од 12 до 14 ноември, односно од 15 до 17 ноември.

Повеќе
21 земја ја усвоија Анталиската декларација за мирно користење на вселената
Јемен: Над 1.700 припадници на Хутите неутрализирани во воени операции
Еден Сириец убиен во израелски воен упад во јужна Сирија
Синот на Болсонаро води по првиот круг на претседателските избори во Бразил
Иран ќе ја ескалира војната ако САД изврши копнена инвазија
Вучиќ: Србија ќе продолжи со самостојна политика и патот кон Европа, без санкции кон Русија
Ердоган: Туркије спроведува целосна револуција во одбранбената индустрија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Чичкото со големи мустаќи ја одржува жива анадолската култура и традиција на Јуруците
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од резервите на нафта за вонредни ситуации во следните 4 месеци
Можат ли Трамп и Кси да го претворат трговското примирје во траен економски мир?
Приказна за единственото турско село што не го сака пушењето
ЕУ ја отфрли заканата од САД дека ќе забрани извоз на дизел
Ѓулер: Безбедноста на Кавказ е нераскинливо поврзана со безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија
Турската Црвена полумесечина му помага на Палетинец да прооди откако Израел му ја одзел протезата