| Macedonian
Дали по еден век Скопје ќе добие нов мега градски парк
Регион
Дали по еден век Скопје ќе добие нов мега градски парк
Иако беа ветени пет нови градски мега паркови во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба, градската администрација не ги исполни ветувања.

Но, со новото упраување на градот и постигнатата согласност со локалните власти, проектот за новите градски паркови во Скопје конечно добива иницијатива и почетни активности на терен.

Претоварната станица за отпад Вардариште се расчисти од смет и се пристапи кон ревитализација на земјиштето од гасови, а претходно сличен потег беше преземен и за дива депонија во општината Ѓорче Петров. Иако беше започнат мега парк во општина Чаир од претходната администрација, критиките се дека просторот не е соодветно изведен, па затоа новите градоначалници сега бараат одржливо решение и за оваа локација.

Нови мега паркови се градат во општините Бутел, Карпош и Кисела Вода, па ако се реализираат сите проекти ќе се добие зелена површина од околу 500.000 метри квадратни или речиси колку сегашниот простор кој го зафаќа Градскиот парк, засега најстариот и единствен мега парк во Скопје, ако не се сметаат парк-шумите Гази Баба и Водно кои беа пошумени во 50-те години од минатиот век за спречување на ерозија на земјиштето, намалување на поплавите и зелен појас од индустриските влијанија.

Но, ако некогаш Скопје важеше за балансиран град на „бетон и зеленило“ тој концепт драстично беше напуштен по независноста за сметка на урбаниот развој.

Затоа новите паркови и шуми се неопходни за справување со високото загадување на воздухот, но и како нови јавни простори за социјализација и рекреација на населението

Повеќе видеа
Што крие женскиот пазар во Скопје?
Дали Црна Гора е меѓу опциите за центри за мигранти надвор од ЕУ?
Носталгија на модерен начин: Стефан Николовски за македонските евергрини
Македонка меѓу 12 највлијателни инженерки во светот
Ги уништува ли ВИ книгите?
Не може да ги движи рацете и нозете, но слика со уста и пишува поезија
Двајца живи сведоци од земјотресот во Скопје во 1963 година
Мала фабрика од Штип што им дава нов живот на фудбалските дресови
Што значи европскиот „супер вторник“ за регионот?
Четири екстремитети и еден инструмент