Геополитичкиот фокус е ставен на Украина која треба да стане земја членка на ЕУ, но што е со земјите од Западен Балкан кои предолго се во чекалната. Дали ќе се примени членство во фази, односно пристап до заедничкиот европски пазар, но без право на глас на одлучување?
Додека таа идеја ја застапуваат Германија и Франција, останатите земји членки имаат посебен став дека Западен Балкан треба целосно да се интегрира во ЕУ и со тоа целосно да биде заокружен овој дел од европскиот континент од политички, безбедносен и стратешки аспект