Благоја Ацковски познат како “Бале Брзи” трча на маратони и полумаратони иако има 73 години. Ги сака и планините и учествува и на планински трки. Во младоста бил и професионален атлетичар.
Денес организира и негова трка во должина од седум километри. На младите им порачува да се занимаваат со спорт и да внимаваат на исхраната.
