12 април 2026
Македонката Тамара Ангеловска ги освојува светските сцени. Таа е млада, амбициозна и не познава граници. Ангеловска го руши стереотипот дека операта е само за затворени сали. Од студиите во Софија, преку магистрирање глума за подобра сценска емоција, па сè до пеење на јапонски јазик на големи турнеи низ Кина.
Во разговор за ТРТ Балкан таа ни открива како се прифатени македонските уметници во Бугарија, што ја мотивира да се усоврши како оперска певица на сцената и како оваа уметност да стане поблиска до младите?
