9 април 2026
Србија е сѐ поблиску до повторно воведување на задолжителна воена служба – би можела да ги прими првите регрути веќе кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
Според најновите информации, потребните подзаконски акти се веќе подготвени, армијата проценува дека капацитетите можат целосно да се подготват за прием на првата генерација, а во моментов има доволно количини опрема, оружје и објекти за идните регрути.
