Скока со падобран, лета со авион и параглајдер, скија, нурка, се качува по карпи. Накусо кажано Јане Стефанов е љубител на адреналин и убава природа. Инструктор е во неколку спортови.
Минатата година за 24 часа мина стотици километри во девет адреналински дисциплини. Активен на спортски план е и со луѓето со попреченост и македонските параолимпијци.