Дали македонските пензионери може да бидат мирни, откако се отвори дебата за реформи на пензискиот фонд. Со покачувањето на пензиите, и намалените приходи од вработените, празнината во пензискиот фонд изнесува околу 1 милијарда евра, средства кои се покриваат годишно од државниот буџет.
Дали ќе се смени начинот на издвојување средства во вториот задолжителен пензиски фонд, како ќе се користат овие акумулирани средства и можно е да се пренаменат за друг вид на вложувања и капитални инвестиции?
Може ли да се подигне старосната граница од 64 години за мажи и 62 години за жени со новите стратегии на кои работеа Светска Банка, ММФ и Владата и кој ќе ги „обезбеди“ средствата за идните пензионери?