| Macedonian
СПОРТ
7 мин читање
Кениецот Сабастијан Саве: Ерата на суперпатики и науката за модерното маратонско трчање
„Суперпатиките“ со карбонски премаз им помагаат на тркачи како Сабастијан Саве да ги соборат рекордите што некогаш се сметаа за недопирливи, но, се појавува прашањето: Каде завршува човечката издржливост, а кога преовладува технологијата
Кениецот Сабастијан Саве: Ерата на суперпатики и науката за модерното маратонско трчање
Себастијан Саве носеше „суперпатики“ од Адидас кога станa првиот човек во историјата што истрчал маратон за помалку од два часа / Reuters

Кога Сабастијан Саве јуреше низ улиците на Лондон на 26 април 2026 година и стана првиот човек во историјата што истрчал маратон за помалку од два часа, тој веднаш влезе во пантеонот на великаните во трчањето на долги патеки.

Сепак, речиси веднаш следеше дебата.

Колку од историските перформанси на Саве се сведуваа на талент, тренинг, дисциплина и ментална цврстина - а колку беше поттикнат од супер-патиките на неговите нозе?

Тренерот на Саве рече дека Кениецот истрчал дури 241 километар за време на најважните тренинзи. Години жртва и подготовки доведоа до пробивот.

Но обувките премачкани со јаглерод што ги носеше станаа централна тема на разговор, понекогаш засенувајќи го самиот спортист.

Таа тензија доловува растечка дебата во модерната атлетика. Напредокот во технологијата на обувки го трансформираше трчањето на долги патеки, но исто така покрена и тешки прашања за праведноста, перформансите и границите на иновациите.

Во денешните маратонски трки, критичарите тврдат дека станува сè потешко да се каже дали победата му припаѓа на најсилниот тркач или на спортистот со најнапредна опрема.

„Затоа дебатата стана толку жестока“, изјави за TРТ Африка, аналитичарот за атлетика, Мартин Кеино.

„Разговорот се префрли од прашањето- Кој е најдобриот атлетичар? на прашањето: Кој има најдобра комбинација од спортист, пена, геометрија и јаглеродна технологија?“

Дебатата се забрза во 2016 година кога Најк го претстави Вапорфлај, обувки кои драматично ја подобрија ефикасноста на трчањето.

Тоа го означи почетокот на ерата на „супер патики“: обувки изработени со лесна пена што ја враќа енергијата и плочи од јаглеродни влакна дизајнирани да ги движат тркачите напред.

Оттогаш, речиси секој голем бренд за спортска облека разви своја верзија. Слична технологија, исто така, ги трансформираше и тркачките клинци, кои сега се нарекуваат „суперклинци“.

Резултатите се извонредни. Според Светска Атлетика (World Athletics), спортистите кои носат обувки изработени со напредна технологија ги собориле сите светски рекорди на трки на стадиони и на отворено од 5.000 метри до маратон од 2020 година - невидена концентрација на рекордни перформанси.

Создадени за брзина

Модерните супер патики и се внимателно дизајнирани за да го подобрат она што научниците го нарекуваат „економичност на трчање“ - количината на енергија потребна за одржување на дадено темпо.

Повеќето комбинираат три основни елементи; плочи од јаглеродни влакна кои помагаат стапалото да се движи напред, специјализирана пена која ефикасно се компресира и отскокнува и закривена форма на лулашка што го измазнува преминот меѓу чекорите.

Пените се сметаат за најважна компонента. Тие го апсорбираат ударот, а воедно ја враќаат енергијата со секој удар на стапалото, намалувајќи го заморот на долги растојанија.

Некои модели, исто така, вклучуваат воздушни капсули или слични системи за амортизација за дополнително отскокнување.

Но само меката пена би ги направила обувките нестабилни. За да се спротивстават на ова, производителите вметнуваат цврсти плочи или прачки од јаглеродни влакна помеѓу слоевите пена, создавајќи рамнотежа помеѓу амортизацијата и погонот.

Резултатот е обувка која не само што е многу приемлива, туку е и исклучително лесна. Адидас Адизеро Адиос Про Ево1, издадена во 2023 година, тежи помалку од 140 грама во некои големини.

Научниците велат дека полесните обувки ја намалуваат потрошувачката на енергија при секој чекор, бидејќи тежината што се носи на стапалото бара непропорционално поголем напор за движење отколку тежината што се носи поблиску до центарот на гравитација на телото.

Истражувањата, исто така, покажаа дека цврстите јаглеродни елементи можат да го намалат мускулното оптоварување во стапалата и листовите, дополнително подобрувајќи ја ефикасноста.

За многу спортисти, придобивките се протегаат и подалеку од штоперицата. Супер патиките, исто така, можат да го намалат стресот од удар врз телото и да го забрзаат закрепнувањето помеѓу напорните тренинзи.

Подемот на „нелегалните“ обувки

Со развојот на технологијата, се зголемија и загриженоста околу почитувањето на правилата.

„Технологијата на обувките еволуираше толку многу што сега има ’нелегални’ обувки“, се шегува Кеино, додавајќи, „поради тоа колку се добри“.

Во елитните натпреварувања, нелегални обувки за трчање се оние што ги кршат прописите на Светската атлетика. Управното тело воведе построги правила откако се зголеми загриженоста дека дизајнот на обувките напредува побрзо од способноста на спортот да го регулира.

„Правилата во основа се обидуваат да го спречат спортот да стане Формула 1 во трчањето“, вели Кеино.

Светската атлетика во 2020 година воведе ограничување на висината на на дебелината на амортизационен материјал помеѓу стапалото и земјата во патиките на 40 мм, откако супер обувките со карбонски премаз почнаа да доминираат во елитните маратони. Прототипските патики генерално мора да бидат комерцијално достапни и пред натпреварувањето.

„Големото прашање не е дали обувката постои комерцијално“, рече Кеино, поранешен кениски атлетичар, кој помогна во соборувањето на седум светски рекорди трчајќи по одредено темпо во трките одржувајќи го потребниот ритам на главниот тркач.

„Туку дали технологијата дава неправедна предност во перформансите над правилата.“

Голем дел од контроверзноста датира од познатиот маратон на Елиуд Кипчоге истрчан под два часа во Виена во 2019 година, време постигнато додека носеше прототип верзија на Најк Алфафлај.

„Тој настап го турна спортот во трка во технолошко вооружување“, рече Кеино.

Неколку високопрофилни обувки оттогаш се сметаат за неусогласени според правилата за елитни трки, обично затоа што ги надминуваат ограничувањата за дебелината на амортизациониот блок или користат забранети дизајнерски карактеристики. Управното тело дозволува само една цврста вградена плоча или структура на сечило на обувката.

Спортистите кои се натпреваруваат во неусогласени обувки може да имаат перформанси кои се поништени или означени како несертифицирани.

Во 2021 година, етиопскиот тркач Дерара Хуриса прв ја помина целната линија на Виенскиот маратон за 2:09:22, само за да биде дисквалификуван помалку од еден час подоцна откако службените лица ги измериле  ѓонови на неговите патики и откриле дека се дебели 5 см - надминувајќи ја законската граница за еден сантиметар.

Кеино вели дека Хуриса пријавил патики соодветни на правилата пред да се префрли на својот пар патики за тренинг на денот на трката.

Неодамна, кенискиот тркач Пол Матека беше дисквалификуван од Стандардниот чартер маратон во Куала Лумпур во 2025 година откако носел обувки со јаглероден премаз кои не биле на листата одобрени од Светската атлетска федерација.

„Тој ги купил небренираните патики на изложба, несвесен дека не се одобрени“, објасни Кеино.

Нова или неправедна ера?

Критичарите тврдат дека брзото темпо на иновации фундаментално го променило спортот. Споредбите помеѓу минатите и сегашните рекорди станаа сè покомплицирани, додека вниманието се префрли од спортистите на опремата.

Јужноафриканскиот спортски научник Рос Такер, еден од најгласните критичари на суперпатиките, тврди дека технологијата на обувки вовела постојана неизвесност во елитните натпреварувања.

Тој е цитиран во МИТ Ревија за технологија „Станува тешко да се евалуираат перформансите меѓу спортистите независно од оваа досадна сомнеж за тоа што прават обувките“, рече тој.

Никаде таа тензија не се чувствува посилно отколку во Кенија, каде што трчањето на долги патеки долго време претставуваше пат за излез од сиромаштијата.

За етаблираните ѕвезди поддржани од профитабилни спонзорства, пристапот до најсовремена обувка е речиси загарантиран.

Сепак, за младите, амбициозни тркачи, суперпатиките можат да бидат претерано скапи, дури и моделите на почетно ниво честопати чинат многу повеќе од 100 долари.

Резултатот е сѐ поголемиот технолошки јаз во спортот некогаш славен поради неговата едноставност.

Сепак, малку спортисти денес ја негираат реалноста на револуцијата. Трчањето - можеби најелементарниот спорт од сите - влезе во нова научна ера.

Суперпатиките ги менуваат методите на тренинг, ги преобликуваат тактиките на трките и го редефинираат она што човечкото тело изгледа способно да го постигне.

Тие исто така ја принудуваат атлетиката да се соочи со тешко прашање кое може да ја дефинира иднината на спортовите на издржливост:

Кога рекордите паѓаат, колку му припаѓа на спортистот - а колку на патиката?

Извор: ТРТ Ворлд

Повеќе
Летонија доби нова влада по инцидентот со украински дрон што ја урна претходната владина коалиција
Венс: Одобрувањето на Трамп за договорот со Иран е сè уште неизвесно
Туркије им оддава почит на жртвите од расистичкиот напад во Солинген во 1993 година
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“