| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Портпаролот на Кремљ рече дека европското оружје „директно пука“ кон Русија и дека, како што рече, ЕУ не може да се исклучи од тоа и додаде дека мирот во Украина ќе дојде побрзо ако сите земји престанат да испорачуваат оружје на Киев
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Tој позитивно ја оцени одлуката на новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, дека Будимпешта не треба да испорачува оружје на Украина / Reuters

Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина и затоа не може да биде посредник во решавањето на тоа прашање, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека европското оружје „директно пука“ кон Русија и дека, како што рече, не може да се апстрахира од тоа, пренесува Спутник.

Песков додаде дека мирот во Украина ќе дојде побрзо ако сите земји престанат да испорачуваат оружје на Киев.

Во овој контекст, тој позитивно ја оцени одлуката на новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, дека Будимпешта не треба да испорачува оружје на Украина.

Песков рече дека Москва може само да го поздрави ставот на секоја земја што верува дека не треба да „додава масло на огнот“.

Зборувајќи за преговорите со ЕУ, Песков оцени дека најголемата грешка на Брисел е целосното отфрлање на дијалогот со Москва, бидејќи проблемите не можат да се решат без разговори.

Тој додаде дека самиот факт што ЕУ се обидува да најде некој што би можел да започне разговор со Русија е позитивен.

Според него, во моментов во Европа нема конкретни предлози за тоа кој би можел да го води тој дијалог.

Повеќе
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт
Јужнокорејски активисти ги обвинија израелските сили за тортура и сексуалнo злоставување во притвор