Светската банка го одобри Проектот за земјоделско-прехранбениот сектор на Туркије, за кој ќе обезбеди финансирање од 750 милиони долари, соопшти турското Министерство за трезор и финансии.
Турското Министерство за земјоделство и шумарство и Агенцијата за земјоделство и рурален развој ќе го спроведуваат проектот со обезбедените средства.
Целта е да се зајакнат конкурентноста и интеграцијата на земјоделско-прехранбените синџири на вредност во Туркије и да се зголемат продуктивноста и развојниот капацитет на компаниите и производителите во земјоделско-прехранбениот сектор, истовремено олеснувајќи го нивниот пристап до пазарите.
Со ова финансирање, Светската банка во 2026 година ќе обезбеди повеќе од 9 милијарди долари долгорочно и поволно надворешно финансирање за Туркије во сите сектори.
Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек рече дека соработката со Светската банка за зајакнување на производствениот екосистем на Туркије ќе продолжи.
„Нашите напори за обезбедување долгорочно и поволно финансирање во рамки на нашата Среднорочна програма продолжуваат, со цел да се даде приоритет на одржливиот раст и социјалната благосостојба, а нашата поддршка за земјоделството и руралниот развој ќе продолжи и со овој најнов заем“, додаде тој.























