До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет под контрола, а 30 се изгаснати.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни се пожарите помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во општина Штип, каде што гори ниска вегетација), во селата Пискупштина, Луково и Буринец во општина Струга (шума), во село Копаница во општина Сарај (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во село Палиград во Студеничани (ниска вегетација и мешана шума), во село Грачани во Ѓорче Петров (нискостеблеста шума) и во кичевското село Тајмиште, во местото викано Дардара, каде што е зафатена ниска вегетација и мешана шума.
ЦУК информира дека под контрола се пожарите во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод: (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат), во село Драгов Дол во Македонски Брод: (ниска вегетација и шума), во село Белица во Македонски Брод (ниска вегетација и шума), над селото Палиград во општина Зелениково (мешана шума) и градската депонија во општина Делчево.
Триесет пожари се изгаснати.






















