| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
За камионџиите од Западен Балкан решението треба да се бара во рамките на постојните Шенген правила
Постојат национални правила и билатерални договори, така што има простор за прагматични решенија во рамките на постојните Шенгенски правила, изјави портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт
За камионџиите од Западен Балкан решението треба да се бара во рамките на постојните Шенген правила
Превозниците од Западен Балкан протестираат со месеци по воведувањето на ЕЕС системот, бидејќи возачитe на камиони се третираат како сите други патниц

Во рамките на Шенгенските правила треба да се бараат прагматични решенија за проблемот на возачите на камиони од Западен Балкан кои се соочуваат со тешкотии по воведувањето на новиот европски систем за управување со границите- системот за влез/излез (EEС), изјави во вторник портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт.

„Постои пат да се изоди и да се најдат прагматични решенија во рамките на постојните Шенгенски правила, на пример со аплицирање за долгорочни визи, како и дозволи за престој или, во некои ограничени случаи, да се сметаат возачите за прекугранични работници“, рече Ламерт.

Коментарите од ЕК доаѓаат по вчерашните протести на транспортерите пред седиштата на ЕУ во БиХ, Србија и Северна Македонија, кои се незадоволни поради тоа што унијата не излезе со решение за нивните проблеми по регионалната блокада на границите со ЕУ во јануари годинава.

„Свесни сме дека на некои работници од трети земји кои не се прекугранични работници треба да им се дозволи да останат во Шенген зоната подолго од 90 дена во рок од 180 дена, што вклучува професии кои се потпираат на висока мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците“, рече Ламерт, додавајќи дека за ова постојат национални правила и билатерални договори, така што има простор за прагматични решенија во рамките на постојните Шенгенски правила.

Превозниците од Западен Балкан протестираат со месеци по воведувањето на системот за дигитална гранична контрола, бидејќи нивните возачи на камиони се третираат како сите други патници кога преминуваат во земја од Шенген зоната, што значи дека за нив важи правилото според кое можат да останат на територијата на Унијата максимум 90 дена во рок од шест месеци.

Во своите барања, транспортерите нагласуваат дека нивните возачи не се ниту туристи ниту мигранти и бараат да бидат изземени од ова правило, во спротивно се закануваат дека ќе го интензивираат протестот и ќе ги блокираат граничните премини.

Ламерт истакнува дека воведувањето на системот за влез и излез не воведува нови правила, бидејќи од претходно важи правилото дека државјаните на трети земји кои се ослободени од барањата за виза може да престојуваат максимум 90 дена во период од шест месеци.

„Системот за влез и излез не воведува никакви нови правила, но овозможува подобра имплементација на овие правила, правејќи го она што се случува на нашите граници потранспарентно“, вели портпаролот.

Тој нагласи дека Комисијата останува отворена за дискусија за тоа што може да се направи во рамките на постојните правила, но дека Шенгенските правила ќе продолжат да важат.

Повеќе
Поднесено обвинение против возачот на трамвајот за несреќата во Сараево во февруари
Гутереш повика на прекин на израелските напади и насилството во Газа и на окупираниот Западен Брег
Ердоган: Туркије ќе ја продлабочи соработката со Шангајската организација за соработка
Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска
Зеленски: 12 загинати и десетици повредени во руските воздушни напади во текот на ноќта
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите
Њујоршката полиција застрела маж кој изврши двоен напад со нож на Тајмс Сквер
Путин: Шангајската организација за соработка е најголемата регионална организација во светот
Самитот на Шангајската организација за соработка започна во Бишкек
Ердоган на средба со Алиев: Туркије ќе продолжи да придонесува за мирот меѓу Азербејџан и Ерменија
Туркије се приклучи кон спогодбите „Артемис“ на НАСА
Фидан: Договорено формирање на секретаријат според пактот за одбрана од Мека
Турската амбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата
Самоопределување и ЛДК се договорија: Беким Сејдиу кандидат за претседател на Косово
Суспендирани пристанишните службеници по смртоносната несреќа на фериботот кај ТРСК