| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите
„Доколку Европа сака да зборува со јазикот на геополитиката, тогаш проширувањето не може да го гледа низ логиката на бирократијата. Потребна е стратешка визија.“
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите / Other

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, учествуваше на министерската сесија „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, одржана во рамките на Бледскиот стратешки форум.

Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, стратешката важност на транспортните коридори, регионалната отпорност и европската перспектива на Западен Балкан.

Тој нагласи дека членството во НАТО претставува значајна предност преку споделувањето информации, заедничките политики за отпорност и одвраќање, но истовремено предупреди дека безбедносните ризици во регионот остануваат присутни. Во тој контекст, посочи на војната во Украина, влијанието и активностите на Кина и Иран, како и на пошироките конвенционални и неконвенционални закани, вклучително и сајбер-влијанието и обидите за економска принуда.

Посебен акцент беше ставен на стратешкото значење на Коридорите VIII и X. Муцунски истакна дека нашата држава е единствената во регионот каде што се вкрстуваат двата коридора, нагласувајќи дека транспортната и енергетската инфраструктура имаат директно значење за економската, политичката и безбедносната отпорност.

„Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура“, порача Муцунски.

Осврнувајќи се на европската интеграција, тој нагласи дека инвестициите во инфраструктурата и регионалната поврзаност мора да бидат придружени и со јасна политичка инвестиција во проширувањето на Европската Унија.

„Доколку Европа сака да зборува со јазикот на геополитиката, тогаш проширувањето не може да го гледа низ логиката на бирократијата. Потребна е стратешка визија. Кога земјите кандидати постигнуваат напредок и се целосно усогласени со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, тој напредок мора да биде видлив“, истакна министерот.

Муцунски посочи дека претходните проширувања на Европската Унија биле резултат не само на исполнувањето на критериумите, туку и на политичка волја и стратешка одлука дека проширувањето е во интерес на Европа.

„Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени“, нагласи Муцунски.

Воедно, оцени дека од Брисел доаѓаат охрабрувачки сигнали за нов пристап кон политиката на проширување и нејзино приспособување кон актуелниот геополитички контекст.

„Нашето барање е јасно – европската интеграција да биде модел за трансформација на нашите институции, а не обид за трансформација на нашите идентитети. Оценувајте нè врз основа на заслугите и според тоа дали, во време на геополитички превирања, сме усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“, порача Муцунски.

Во своето обраќање, министерот го истакна и примерот на Словенија и Хрватска како земји кои, и покрај предизвиците во минатото, денес имаат силни односи и можат да претставуваат важен пример и поддршка за земјите од Западен Балкан во градењето посилна регионална соработка и стратешка отпорност.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Поднесено обвинение против возачот на трамвајот за несреќата во Сараево во февруари
Гутереш повика на прекин на израелските напади и насилството во Газа и на окупираниот Западен Брег
Ердоган: Туркије ќе ја продлабочи соработката со Шангајската организација за соработка
Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска
Зеленски: 12 загинати и десетици повредени во руските воздушни напади во текот на ноќта
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите
Њујоршката полиција застрела маж кој изврши двоен напад со нож на Тајмс Сквер
Путин: Шангајската организација за соработка е најголемата регионална организација во светот
Самитот на Шангајската организација за соработка започна во Бишкек
Ердоган на средба со Алиев: Туркије ќе продолжи да придонесува за мирот меѓу Азербејџан и Ерменија
Туркије се приклучи кон спогодбите „Артемис“ на НАСА
Фидан: Договорено формирање на секретаријат според пактот за одбрана од Мека
Турската амбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата
Самоопределување и ЛДК се договорија: Беким Сејдиу кандидат за претседател на Косово
Суспендирани пристанишните службеници по смртоносната несреќа на фериботот кај ТРСК