| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Индија ги отфрла тврдењата на Илон Маск дека „олигарси го блокираат“ Старлинк
Министерството за комуникации тврди дека сугестијата е „неоснована и погрешна“
Индија ги отфрла тврдењата на Илон Маск дека „олигарси го блокираат“ Старлинк
Индија ги отфрла тврдењата на Илон Маск дека „олигарси го блокираат“ Старлинк

Индија денес ги отфрли тврдењата на Илон Маск дека „одредени олигарси“ ги блокираат сателитските комуникациски услуги на Старлинк (Starlink) во земјата со цел да го задржат својот монопол, оценувајќи ги таквите наводи како неосновани.

Без директно да го спомене Маск, Министерството за комуникации на Индија во соопштение наведе дека владата воспоставила „праведна и недискриминаторска рамка за издавање дозволи за сите телекомуникациски услуги, вклучително и сателитските комуникациски услуги“.

Оттаму соопштија дека лиценци за телекомуникации им биле доделени на три глобални оператори за мобилни лични сателитски комуникации, кои користат „сателитски комуникации преку сателити во негеосинхрона орбита“.

Во соопштението се наведува дека „како дел од овој процес, во тек е безбедносна проценка за сите три субјекти кои добиле лиценца“ и дека „сите три субјекти се наоѓаат во приближно иста регулаторна фаза“.

„Според тоа, сугестијата дека рамката или нејзината примена се неправедни или дискриминаторски е неоснована и погрешна“, изјавија од министерството.

Старлинк, оддел на компанијата СпејсИкс (SpaceX) на Маск, брзо го прошири своето глобално присуство и работи во повеќе од 150 земји и територии. Компанијата обезбедува интернет-поврзување за оддалечени или недоволно покриени области користејќи соѕвездие од сателити во ниска орбита околу Земјата.

Две индиски телекомуникациски компании, Бхати Ертел (Bharti Airtel) и Рилајанс Џио (Reliance Jio), минатата година потпишаа договори со SpaceX за воведување на интернет-услугите на Старлинк во земјата.

Маск на својата платформа X напиша: „За жал, блокирани сме од одредени олигарси кои сакаат да ја задржат својата монополска контрола врз индискиот народ“.

„Можете да претпоставите кои се тие... Ова е злосторство против народот на Индија!“, изјави тој, одговарајќи на објава поврзана со работењето на Старлинк во најнаселената земја во светот.

Индија има 958 милиони корисници на интернет, со стапка на пенетрација на интернетот од над 70%.

Минатата година, премиерот Нарендра Моди се сретна со Маск во Вашингтон за да разговараат за вселената, мобилноста, технологијата и управувањето.

Повеќе
Најмалку 33 загинати во рускиот напад врз Краматорск
Почина Маргарет Хамилтон, програмерката на кодот што помогна во слетувањето на Месечината
Белгискиот град Лиеж забрани собирање на улица на повеќе од три лица во екот на ученичките протести
Туркије ја става макрофинансиската стабилност во преден план
Каџир: Туркије го удвои својот удел во глобалната додадена вредност на производството
Израелските сили гранатираа област во сириската покраина Кунејтра
Велика Британија го преименува конзулатот во Источен Ерусалим во мисија
Хутите со новите напади се заканија да го затворат саудискиот воздушен простор
Трамп: Војната во Иран ќе заврши наскоро, иако не сакам да склучам договор со нив
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
ЕУ повикува на брзо формирање на власта во БиХ по одржаните избори
Бројот на загинати во рускиот напад врз украинскиот град Прилуки се зголеми на 18
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Туркије, Алпер Акташ
Кремљ: Европската одбранбена политика насочена против Русија претставува „безизлезна ситуација“
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово