| Macedonian
КУЛТУРА
3 мин читање
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Поп-Христов се преселил во Еквадор во 2014 година. Иако често престојувал во Скопје, последната година и пол ја поминал во оваа јужноамериканска земја.
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили / Other

Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили починал вчера во Еквадор на 58-годишна возраст.

Поп-Христов се преселил во Еквадор во 2014 година. Иако често престојувал во Скопје, последната година и пол ја поминал во оваа јужноамериканска земја.

Веста за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата, кореографката Гордана Деан Поп‑Христова.

„Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот – Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили. Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 година повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во институцијата како дел од актерскиот ансамбл“, велат од МНТ.

Во текот на богата театарска кариера оствари бројни улоги во претстави на сцената на МНТ. Помеѓу нив се: Дон Хусман во „Свадбата на Фигаро“ (2011), Антинор во „Троил и Кресида“ (2010), Пејач во „Мара/Сад“ (2008), Мик во „Домар“ (2004), Крсто во „Ослободување на Скопје“ (2002), Џиги во „Павилјони“ (1999), Џокер Мори Шербијак во „Бетмен – враќањето на црниот витез“ (1999), Осман бег во „МКС“ (1995), Микољка во „Злосторство и казна“ (1994), Стево во „Бунт во домот за старци“ (1994), Срета во „Народен пратеник“ (1993), Јохансон во „Соната на сеништата“ (1992), Александар Македонски во „Крик“ (1991), Ѓурко во „Зора на истокот“ (1991), Принцот Едвард во „Ричард Трети“ (1990), Петар во „Гнев Божји“ (1990), Илија во „Антица“ (1988), Еди во „Луди за љубов“ (1988), Мишка во „Ревизор“ (1987), Пијанистот во „Баал“ (1987), како и улогите во „Ревизор“ (2006), „Буре барут“ (1994) и „Рави“ (1989).

-Покрај улогите на театарската сцена, Поп Христов оствари значајна кариера и на филм и телевизија. Се вбројуваат улогите во филмовите „Еј“ (2018), „Скопје Ремиксд“ (2012), „Панкот не е мртов“ (2011), „Самитот на шаманите“ (2006), „Бал-кан-кан“ (2005), „Збогум на дваесетиот век“ (1998), „Преку езерото“ (1997), „Нечиста крв“ (1996), „Македонска сага“ (1993), „Тетовирање“ (1991), како и телевизиските филмови „Марика лета со авион“ (1988) и „Пикасо“ (1987). Учествуваше и во повеќе телевизиски серии, помеѓу кои: „Досие Скопје“ (2000), „Во светот на бајките – Трите светски камења“ (1995), „Македонски приказни – Христос и комарџијата“ (1992), „Трст виа Скопје“ (1990) и „Бумбари“ (1989). Покрај актерската работа, Кирил Поп Христов беше и композитор на филмот „Судијата“ (2002), чиј автор и режисер е Жанета Вангели.

„Со својата долгогодишна работа на сцената на Македонскиот народен театар и со бројните улоги во театарот, филмот и телевизијата, Кирил Поп Христов остави значаен белег во македонската култура. Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна му слава!“, додаваат од МНТ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Летонија доби нова влада по инцидентот со украински дрон што ја урна претходната владина коалиција
Венс: Одобрувањето на Трамп за договорот со Иран е сè уште неизвесно
Туркије им оддава почит на жртвите од расистичкиот напад во Солинген во 1993 година
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“