Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 18 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа во текот на изминатите 24 часа и покрај прекинот на огнот, соопшти денес палестинското Министерство за здравство во Газа.
Нападите се случуваат во услови на континуирано прекршување на договорот за прекин на огнот од страна на Израел, кој е на сила од 10 октомври 2025 година.
Министерството соопшти дека телата на 13 Палестинци биле донесени во болниците низ енклавата, меѓу кои 12 се новозагинати лица и едно лице што починало од претходни повреди.
Се додава дека жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи екипите на брза помош и цивилната одбрана сè уште не може да стигнат до нив.
Министерството соопшти дека од почетокот на прекинот на огнот во израелските напади загинале 1.123 Палестинци, а повредени се 3.616, а пронајдени се 800 тела.
Министерството нагласи дека вкупниот број на жртви од израелскиот напад врз Газа од 8 октомври 2023 година се искачил на 73.246, а 173.727 се повредени, покрај опсежното разорување со кое се зафатени околу 90% од цивилната инфраструктура























