| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив, рече Сиљановска-Давкова во честитка по повод 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Историското завештание не е само причина за гордост, туку и морална обврска да ја унапредуваме државата, рече претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитка по повод 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба порачува дека не може да се говори за ослободувањето на татковината и за државноста без да се оддаде почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава.

Во честитката, Сиљановска-Давкова истакнува дека партизаните и нивните потомци со право се повикуваат на Илинденското востание и на комитите, нагласувајќи дека саможртвата на оние кои се бореле за национална држава не смее да биде занемарена.

„Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава. Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив“, наведува Сиљановска-Давкова, додавајќи дека разбирањето на сегашноста е невозможно без познавање и почитување на идеалите и историските чекори преку кои се формирала македонската национална самосвест.

Токму затоа, нагласува Сиљановска-Давкова, 23 Октомври има особено место во македонската историја.

„Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, најсвесните македонски дејци ја преточиле вековната жед и желба за слобода во организирано дело, а стремежот кон самобитност во решителна битка на смрт за сопствена држава. Во бурните историски времиња и тешки околности, водени од македонскиот непокор и од насушната потреба од пристоен човечки живот, тие го трасирале патот на македонската револуционерна борба“, посочува Сиљановска-Давкова.

Според претседателката, чествувањето на делото на револуционерите има смисла само доколку се негуваат вредностите за кои тие се бореле, а нивните идеали се преточуваат во праведност, солидарност и посветеност на општото добро.

„Пиететот кон предците има смисла само кога нивните високи и благородни идеали ги преточуваме во праведност, солидарност и посветеност на општото добро. Историското завештание не е само причина за гордост, туку и морална обврска да ја унапредуваме државата, да го штитиме човечкото достоинство и да создаваме општество во кое правото, правдата и моралот ќе бидат не само темелни вредности, туку и реалност. Ако револуционерниот порив некогаш се потврдувал со себежртвување за високи национални цели, денес се докажува со одлучно и чесно работење, интелектуална смелост и решителност за нужни реформи“, вели Сиљановска-Давкова.

Државата, посочува Сиљановска-Давкова, повторно е пред историски испит и сегашните генерации имаат обврска да го продолжат стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава.

„Нашиот долг кон предците е да го чествуваме споменот за нив, оддавајќи им должно признание, кон современиците да постапуваме со одговорност кон надлежностите и работните обврски, а кон идните поколенија- како гаранти на нивната сигурна иднина. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба“, порачува во честитката Гордана Сиљановска-Давкова.

Повеќе
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат планови за постизборни напади врз Иран
Папата Лав XIV нема потреба од понатамошен третман по операцијата на канцерот на белите дробови
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Иран соопшти дека нападнал четири брода што превезувале нафта во Персискиот Залив
Зеленски сака нови преговори со Русија и САД до почетокот на ноември
Сирија започна безбедносна операција насочена кон терористичка ќелија во околината на Дамаск
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Лана Нусејбех од ОАЕ најавува кандидатура за генерален секретар на ОН
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Медиуми: Израелски борбени авиони летале близу до иранската граница за да предизвикаат реакција
Мерц: Влијанието на Русија е најголемата закана за германското општество
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен