| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Денеска треба да бидат познати анализите на водата во Гостивар и причините за епидемијата
Мораме да бидеме претпазливи, а не да скокаме во заклучок, бидејќи кога ќе скокнеме кон заклучок, нема да ги направиме неопходните истраги да најдеме навистина што се случува, изјави министерот за здравство, Клековски
Денеска треба да бидат познати анализите на водата во Гостивар и причините за епидемијата
Анализите на Институтот на јавно здравје се по барање на Јавното обвинителство, кое во основа ќе ги соопшти резултатите, нагласи Клековски

Анализите на водата од водоводот во Гостивар ќе бидат готови денес, но и важни се епидемиолошките анкети што ги даваат граѓаните за да се утврди точниот причинител за епидемијата, изјави вчера министерот за здравство Сашко Клековски.

Според министерот, трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и бројката се движи околу 250 до 300 случаи дневно.

„Денеска е прогласена епидемија и морам да кажам дека ние ги спроведовме мерките што се предвидени за епидемија пред да се прогласи епидемија. Во Македонија сме имале епидемии на морбили или за слични болести, меѓутоа не најдов за труење од вода или од храна. Клиничката слика во основа генерално е лесна. Стомачни проблеми со дијареја и повраќање, ретки со температура и со знаци на треска. Генерално сите се со дехидратација и во основа тоа што го добиваат како здравствен третман е рехидратација, инфузија и терапија според симптомите што ги имаат. После примена на инфузија се испуштаат дома, малкумина се задржуваат. Ми се чини вчера беа три деца што се задржани преку ноќ, а денеска се неколку возрасни пациенти задржани и тоа се генерално возрасни пациенти со други болести, каде што заради претпазливост и дехидратацијата се задржани во болница, рече вчера Клековски во гостувањето на Сител ТВ.

Тој истакна дека во делот на здравствените мерки сите афектирани пациенти се прифаќаат во општата болница во Гостивар, ги имаат сите неопходни лекарства во болницата.

„Со ротација на лекари од останатите оддели, во болницата се покриваат здравствените потреби на загрозените таму. Во однос на истражувањата се прават лабораториски неопходните лабораториски истражувања, се упатуваат пациентите на истражување на фецес, се земаат сите неопходни анализи и се покануваат на епидемиолошки анкети. Бидејќи во основа може да се воспостави врската помеѓу пациентите и со можниот извор на проблемот“, рече Клековски.

Во однос на тоа дека, иако поминаа три дена откако случајот излезе во јавност и препораки да не се пие водата, а се уште има нови случаи, тој рече дека се важни епидемиолошките анкети за да се утврди точно причинителот.

„Ние мораме да пристапиме со сите можности отворени, а не веднаш да прогласиме виновен. Во демографијата и географијата на загрозените има од најмали деца до највозрасни луѓе. Има од повеќе населени места кои меѓудругото користат и други водоводи, не само овој гостиварски, има Чегране или Дебреше или други населени места и поради тоа е неопходно да се прават тие епидемиолошки анкети. Јас реков дека гледајќи ја демографијата, гледајќи ја географијата, бројката, се исклучува алиментарна инфекција. Мораме да бидеме претпазливи, а не да скокаме во заклучок, бидејќи кога ќе скокнеме кон заклучок, нема да ги направиме неопходните истраги да најдеме навистина што се случува. Посебно што ова во Гостивар не е прв пат. Во 2017 имаше слична состојба со неколку стотици заболени и причинителите не се најдени. Мојот настап беше дека според сегашните епидемиолошки податоци храната како можност е исклучена алиментарна, гастроентероколит е исклучен. Значи, за да се потврдат другите опции мора да завршат истрагите што ги води Институтот за јавно здравје“, рече тој.

Клековски рече дека анализите на водата ќе бидат готови денеска.

„Пристапуваме со максимална одговорност и не сакаме да избрзуваме со заклучоци. Анализите на Институтот на јавно здравје се по барање на Јавното обвинителство. Во основа резултатите ќе ги соопшти Јавното обвинителство, нагласи Клековски.

Во однос на тоа дали приклучувањето кон пумпите е главната причина за епидемијата, тој кажа дека веќе има препорака таа вода да не се користи и оти сомнителните пумпи се надвор употреба веднаш штом е констатирана состојбата.

Повеќе
Извештај: Пентагон не ги објавил сите повредени војници и предизвикана штета од Иран
Барнам ја презеде функцијата премиер на Велика Британија
Маѓар ја поддржа шаховската велемајсторка Јудит Полгар за претседателка на Унгарија
Кувајт: Противвоздушната одбрана одговара на заканите со дронови
Иран откри дека добиле предлози од медијаторите за деескалација на конфликтот со САД
Бројот на загинати од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.208
Едно лице загина, а неколку се повредени во американскиот напад врз иранскиот град Тебриз
Двајца Палестинци убиени во напад на нелегални израелски доселеници во село на Западниот Брег
Туркије ја критикува Грција за затворањето на училиштата на турското малцинство во Западна Тракија
Денеска треба да бидат познати анализите на водата во Гостивар и причините за епидемијата
Десет загинати во руски напад врз брод во близина на Одеса
Трамп лансираше силни напади врз Иран поради загинувањето на американски војници
Москва и регионот погодени од силни украински напади со дронови
Рубио: Иран сака да го користи Ормутскиот Теснец како алатка во преговорите
Во Скопје отворена изложбата „Сведочи“ на фотографот Енгин Узун