Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е финализиран договорот со Иран и рече дека го овластува повторното отворање на Ормутскиот Теснец и отстранувањето на американската поморска блокада.
„Договорот со Исламската Република Иран сега е завршен. Честитки до сите!“, напиша Трамп во објава на платформата Truth Social.
„Со ова целосно го овластувам отворањето на Ормутскиот Теснец ослободен од царини и истовременого овластувам итното отстранување на поморската блокада на Соединетите Американски Држави“, додаде Трамп.
Претседателот, исто така, сигнализираше за продолжување на поморскиот сообраќај и испораките на енергија преку стратешкиот воден пат, пишувајќи: „Бродови од светот, запалете ги вашите мотори. Пуштете ја нафтата да тече!“
Тој во својата изјава не даде дополнителни детали за договорот или спроведувањето на мерките.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф робјави дека САД и Иран постигнале мировен договор по интензивни преговори.
„По интензивните разговори, со задоволство објавуваме дека е постигнат мировен договор меѓу Соединетите Американски Држави и Исламската Република Иран“, рече Шариф.
Тој додаде дека „двете страни прогласија моментален и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“.
Според Шариф, официјалната церемонија на потпишување е закажана да се одржи на 19 јуни во Швајцарија.



















