| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Астон Вила и Фрајбург во финалето на ЛЕ, Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за трофејот во ЛК
Астон Вила и Фрајбург обезбедија финале во Лигата на Европа откако славеа на домашен терен против Нотингем Форест и Брага по поразите во првите натпревари, а Палас и Рајо двапати беа подобри од Шахтар и Стразбур за финале во Лигата на конференции
Астон Вила и Фрајбург во финалето на ЛЕ, Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за трофејот во ЛК
Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 20 мај во Истанбул, a финалето на Лига на конференции на 27 мај во Лајпциг / Reuters

По Лигата на шампионите, познати се финалистите и на останатите две елитни европски фудбалски натпреварувања откако вчера се одиграа реванш натпреварите од полифиналето во Лига на Еевропа и Лига на конференции.

Астон Вила и Фрајбург ќе играат во финалето на ЛЕ, а Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за трофејот во ЛК.

Фудбалерите на Астон Вила обезбедија пласман во финалето откако го победија Нотингем Форест во полуфиналето со вкупен резултат од 4:1.

Астон Вила вчера го доби реваншот на домашен терен со резултат од 4:0, додека пред една недела во Нотингем беа поразени со 1:0. Головите за Астон Вила ги постигнаа Оли Воткинс, Емилијано Буендија и Џош Мегин, кој постигна два гола.

Фудбалерите на Фрајбург се пласираа во финалето на Лигата на Европа, откако ја победија Брага во полуфиналето со вкупен резултат од 4:3.

Германскиот тим вчера го доби реваншот дома со резултат од 3:1, а во првиот натпревар беше 2:1 за Брага. Два гола за Фрајбург постигнаа Лукас Кублер, а еден Јохан Манзамби, додека стрелец на единствениот гол за Брага беше Пау Виктор.

Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 20 мај во Истанбул.

Фудбалерите на Кристал Палас се пласираа во финалето на Лигата на конференции, откако го победија Шахтјор во полуфиналето со вкупен резултат 5:2.

Кристал Палас вчера го доби реваншот со резултат од 2:1, а победи и во првиот натпревар на гостински терен со 3:1. Стрелци за Палас вечерва Педро Енрике (автогол) и Исмаила Сар, додека почесниот гол за Шахтјор го постигна Егиналдо.

Рахо Ваљекано го елиминираше Стразбур во полуфиналето со вкупен резултат од 2:0.

Шпанскиот тим вечерва победи на гостински терен со 1:0, а истиот резултат беше и пред една недела во Франција.

Алемао му донесе победа на Ваљекано со гол во 42. минута, но Хулио Енсисо во 90+4 минута промаши пенал за Стразбур.

Финалето на Конференциската лига ќе се игра на 27 мај во Лајпциг.

Повеќе
Кос- Курти: Реформи и дијалог со Србија за почеток на преговорите на Косово за прием во ЕУ
Мерц го повика Иран да се врати на преговорите со САД за прекин на војната
Трамп разговараше со јапонската премиерка Такаичи по посетата на Кина
Блумберг: ОАЕ неуспешно се обидоа да ги обединат земјите од Персискиот Залив да го нападнат Иран
Турскиот и узбекистанскиот претседател се сретнаа во казахстанскиот град Туркистан
Путин следната недела ќе ја посети Кина, неколку дена по посетата на Трамп
Скандалозни најави на Бен-Гвир: Израел планира да гради нелегални населби и во Либан
Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 24
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД