| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Претседателот Кси би сакал да види постигнат договор ... тој би сакал да го види Ормускиот Теснец отворен, рече Трамп во интервју за Фокс Њуз
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Трамп рече дека мисли оти и Кина не сака Иран да има нуклеарно оружје / Reuters

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека губи трпение во тековните преговори со Иран.

„Нема да бидам уште многу трпелив. Не, не сум трпелив. Треба да постигнат договор“, изјави тој за Фокс Њуз.

Трамп, исто така, сугерираше дека кинескиот претседател Кси Џинпинг исто така сака дипломатски договор.

„Претседателот Кси би сакал да види постигнат договор ... Тој би сакал да го види Ормускиот Теснец отворен“, додаде тој.

Посетата на Трамп на Кина доаѓа во време на тековниот конфликт на Блискиот Исток, предизвикан откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи одмазда против Израел и сојузниците на САД во Заливот, заедно со затворањето на Ормускиот Теснец.

Во моментов е на сила неопределено примирје.

Кина ги повтори повиците за дијалог во регионот, додека Вашингтон го обвини Пекинг дека ги поддржува воените и економските капацитети на Иран.

Трамп рече дека мисли оти ниту Кина сака Иран да има нуклеарно оружје.

„Не полудувај, не ти треба они да имааат нуклеарно оружје“, рече Трамп дека му рекол на Кси.

„Што ти рече?“, праша водителот на „Фокс њуз“, Шон Ханити.

„Па, нема многу да одговори. Тој е прилично кул човек. Нема да каже дека тоа е добра поента“, одговори Трамп.

„Дали мислиш дека се согласил?“, праша Ханити.

„Мислам дека се согласи“, одговори Трамп.

Во врска со можноста за преземање на збогатениот ураниум од Иран, Трамп рече дека не мисли дека е потребно освен од гледна точка на односите со јавноста.

„Мислам дека е важно за лажните вести да го добиеме. Јас сум оној што рече дека ќе го добиеме“, додаде тој.

Повеќе
Мерц го повика Иран да се врати на преговорите со САД за прекин на војната
Трамп разговараше со јапонската премиерка Такаичи по посетата на Кина
Блумберг: ОАЕ неуспешно се обидоа да ги обединат земјите од Персискиот Залив да го нападнат Иран
Путин следната недела ќе ја посети Кина, неколку дена по посетата на Трамп
Скандалозни најави на Бен-Гвир: Израел планира да гради нелегални населби и во Либан
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД
Политичка криза во Летонија: Премиерката Силина поднесе оставка
Може ли средбата Кси-Трамп во Пекинг да ги стабилизира енергетските и безбедносните шокови во Азија?
Синхуа: Кси го предупредил Трамп за можен конфликт ако прашањето за Тајван не се реши правилно
Белата куќа: Кси и Трамп се согласија дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен
Владата на Јемен договори најголема размена на затвореници со Хутите
Арагчи: Не постои воено решение што ќе го скрши Иран
Самит на Брикс во Индија: Блокот ќе има стабилизирачка улога во тековните конфликти
Трамп: Односите меѓу САД и Кина ќе се подобрат од кога било
Туркије го осуди израелскиот упад во џамијата Ал-Акса
Пет работи што треба да ги знаете за посетата на Трамп на Кина
Песков: Украина мора да се повлече од Донбас пред да започнат целосни мировни преговори