| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Презентирајќи ги резултатите од проектот, Тошковски истакна дека во периодот јануари-октомври годинава бројот на загинати во сообраќајни несреќи изнесува 85 лица, наспроти 117 во истиот период лани и 119 во 2024 година.
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки / َAA

Бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за околу 29 проценти во споредба со претходните две години, а Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Презентирајќи ги резултатите од проектот, Тошковски истакна дека во периодот јануари-октомври годинава бројот на загинати во сообраќајни несреќи изнесува 85 лица, наспроти 117 во истиот период лани и 119 во 2024 година.

„Тоа се 32 лица помалку споредено со 2025 година, односно 34 лица помалку споредено со 2024 година. Намалување отприлика околу 29 проценти“, рече Тошковски и додаде дека во истиот период се регистрирани и 124 лица помалку со тешки телесни повреди во однос на 2025 година и 195 помалку во споредба со 2024 година.

Министерот соопшти и дека Министерството за внатрешни работи ја доби првата награда во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи за проектот „Безбеден град“, а Македонија била избрана за победник во конкуренција на кандидатури од полицијата на Сингапур, полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и индиската полициска служба од Махараштра.

„Во сообраќајната безбедност, со гордост можеме да кажеме дека добитник е Македонија. Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој, а многу добро знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологија. Но ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, истакна Тошковски.

Тој појасни дека признанието е доделено за проектот „Безбеден град“, кој покрај поставувањето камери опфатил законски измени, дигитализација на постапките и поврзување на институционалните системи во процесот на санкционирање на сообраќајните прекршоци.

Тошковски оцени дека клучната придобивка од системот е зголемената извесност на санкцијата и еднаквиот третман на сите учесници во сообраќајот.

Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што, како што рече, претставува сериозен аларм за сите институции.

И покрај постигнатите резултати, Тошковски нагласи дека се потребни дополнителни инвестиции во патната инфраструктура, сигнализацијата, возниот парк и образованието во сообраќајот, посочувајќи дека крајната цел останува визијата за нула жртви на патиштата до 2050 година.

@Целта кон која што треба да се стремиме е визијата нула. За сообраќај без загинати и тешко повредени, впрочем тоа е и европска и светска цел заклучно со 2050-та година, да имаме нула жртви во рамки на сообраќајот. Вистинскиот тест ќе биде дали подобрувањето ќе трае и дали почитувањето на правилата ќе остане навика кога Безбеден град веќе нема да биде главна вест. Наградата е признание за завршената работа. Одговорноста за она што сеуште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои едно дете кое што не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски.

Од МВР информираат дека за наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи