| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, наводно бил предупреден за врската на извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, со Алис Хуанг за која има сомнежи дека работи за кинеската разузнавачка служба
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина

Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, наводно бил предупреден за врската на извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, со Алис Хуанг за која има сомнежи дека работи за кинеската разузнавачка служба.

Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека на Лутник му бил испратен доверлив допис со предупредување за врската на Хуанг со кинеската бизнисменка која ја водела компанијата Мегаспид, регистрирана во Сингапур.

Наводно преку оваа компанија се извезувале чипови на Енвидија од црната листа на САД за Кина, вредни десетици милијарди долари, во обидот да се создаде паралелен развој на капацитети за вештачка интелигенција.

Министерството за трговија не одговори на тврдењата кои ги изнесе Аксиос.

Извештајот следува по истрагата за врските на извршниот директор на „Нвидија“ со Алис Хуанг и најавата од американскиот производител на чипови дека неговиот одбор ќе започне независна истрага.

„Њујорк тајмс“ на 29 октомври објави дека Алис Хуанг, опишана како блиска до извршниот директор на „Енвидија“, наводно му пренесувала информации на Пекинг за разузнавачки цели.

Енвидија потоа објави независна истрага по извештаите дека нејзиниот основач и извршен директор биле цел на странска разузнавачка операција.

Во е-маил до вработените Јенсен Хуанг рече дека им должи извинување на своето семејство и колегите и ја поддржува истрагата што ја покрена одборот на компанијата.

Кина ги отфрли обвинувањата на американските медиуми дека Алис Хуанг е поврзана со кинеската разузнавачка служба, опишувајќи ги како клевета против земјата.

Тврдењата во врска со нејзините наводни разузнавачки активности се предмет на докажување.

Американскиот секретар за трговија се уште не ја стави компанијата Мегаспид на црната листа, ниту останатите компании кои се поврзуваат со Алус Хуанг.

Повеќе
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи
Тошковски: „Безбеден град“ се проширува со мобилни камери и контроли на црните сообраќајни точки
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција на новите економски околности
Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик
Лавров: Вратата за Ерменија во ЦСТО не е заклучена
Убиецот од Краков ги посетувал страниците за норвешкиот масовен убиец Брејвик
Кушнер од Абу Даби повика на нова безбедносна рамка за Русија, Украина и Европа