| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Американскиот државен секретар ги информираше министрите за надворешни работи на Г7 за војната со Иран, при што, наводно, ги нарекол иранските власти „лудаци“
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Коментарите на Рубио дојдоа еден ден откако Трамп изјави дека планира засега да се воздржи од нови воени напади врз Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио во вторникот им изјави на министрите за надворешни работи на Г7 дека САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ економски трошоци на Иран, истакнувајќи дека постојат и други опции, освен војна или прифаќање на неприфатливите ирански барања, изјавија четворица дипломати од Г7.

Коментарите на Рубио беа изнесени за време на состанокот во Париз на министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7)- која ја сочинуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, како и Европската унија.

Дипломатите наведоа дека Рубио употребил остар јазик за да ги опише иранските власти. Двајца од нив изјавија дека тој ги нарекол „лудаци“.

Според дипломатите, Рубио рекол дека, наместо повторно да се започне војна или да се прифатат барањата на Иран, моменталната политика на Вашингтон, која се состои од строги економски санкции, дава резултати и ја ограничува способноста на Техеран да ги финансира своите регионални активности и своите застапнички групи.

„Рубио рече дека ќе продолжат со... (наметнување) разорни економски трошоци за Иран“, изјави еден од дипломатите, кои зборуваа под услов да останат анонимни.

Коментарите на Рубио дојдоа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира засега да се воздржи од нови воени напади врз Иран, по апелите од земјите во регионот, вклучително и од катарскиот премиер за време на разговорите во Белата куќа.

Трамп исто така изјави дека засега планира да ја задржи поморската блокада кон Иран во Ормускиот Теснец.

Катарскиот премиер во Париз

Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, пак, кој е клучен посредник во односите со Иран, по разговорите со Трамп направи ненајавена посета на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Париз. Таму тој се сретна со министрите од европските земји и од Саудиска Арабија.

Според двајца европски дипломати, по разговорите во Вашингтон, шеик Мохамед изразил умерен оптимизам дека сè уште е можно дипломатско решение за кризата, наместо понатамошна ескалација на конфликтот.

Според еден од дипломатите, некои од главните советници на Трамп, меѓу кои Рубио, новоименуваниот шеф на кабинетот во Белата куќа, Стивен Милер, и секретарот за финансии, Скот Бесент, ја поддржуваат политиката на одржување силен економски притисок врз Иран.

Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој за поразите на републиканците на минатонеделните избори во средината на мандатот ја обвини војната со Иран, се залага за договор со Иран; сепак, според истиот извор, Трамп засега смета дека постигнување одржлив договор не е можно.

Од Белата куќа не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Повеќе
Заливските земји ќе формираат заедничка воена команда во Кувајт
Во Абу Даби почна новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД
Трамп го поддржа министерот за одбрана Хегсет откако против него е покрената постапка за инпичмент
Израелскиот Кнесет ќе биде конституиран во вторник, 28 дена за формирање влада
САД наводно преместил воздухоплови во британска база по закана од Иран
Украина се координира со ЕУ и НАТО пред средбата со Русија и САД во ОАЕ
Германскиот министер за надворешни работи го отфрли рускиот предлог за нова безбедносна архитектура
Иран останува на својот предлог како основа за обновување на безбедноста во Ормускиот Tеснец
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Дали политичките превирања во Франција ќе го отворат патот за крајната десница во 2027 година?
Може ли Конгресот под контрола на демократите да го забрза повлекувањето од војната со Иран?
Средномандатни избори во САД: Син бран, но што сега?
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите