| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Германскиот фудбалски сојуз под истрага за делење бесплатни билети за ЕУРО 2024 во Германија
Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија изјави дека ДФБ поделилнеколку илјади бесплатни билети за натпревари на одредени гости кои биле вработени во државните структури
Германскиот фудбалски сојуз под истрага за делење бесплатни билети за ЕУРО 2024 во Германија
Под истрага се градските администрации на Гелзенкирхен, Дортмунд, Диселдорф, Келн, Хамбург, Берлин, Франкфурт на Мајна, Штутгарт и Минхен / Reuters

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), како и голем број локални самоуправи, денес биле мета на истражителите поради сомневање дека за време на Европското првенство во фудбал, кое го организираше Германија во 2024 година, поделиле неколку илјади бесплатни билети за натпревари на одредени гости кои биле вработени во државните структури.

Отворена е истрага против еден Германец (66) и еден Французин (46), кои се осомничени за нелегално делење билети за фудбалски натпревари и обезбедување хотелски сместување на фаворизирани гости, објавува Билд.

Во истрагата се вклучени повеќе од 150 истражители од Канцеларијата на криминалистичката полиција на Северна Рајна-Вестфалија, а се проверува и дали вработени во градските администрации низ цела Германија биле вклучени во овие дејствија.

Истрагата е фокусирана и на „Евро 2024 ГмбХ“, заедничко вложување на Германската фудбалска асоцијација и Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА), кое е основано за организација на Европското фудбалско првенство во 2024 година.

Французинот (46), против кого е отворена истрагата, бил задолжен за односите со градовите домаќини и наводно ги поканил тогашните менаџери на соодветните „канцеларии на Евро 2024“ во градовите да ги гледаат натпреварите.

Германецот (60) е осомничен дека им обезбедил на одредени лица билети за натпревари, како и хотелско сместување и патни трошоци, вклучително и за полуфиналниот натпревар меѓу Шпанија и Франција во Минхен, за кој наводно добил финансиска корист од околу 2.400 евра.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл, за „Билд“ изјави дека „фудбалскиот билет не е дел од платата“.

„Секој што е во јавна служба и очекува поткуп ќе ја добие нашата посета. Големите настани како Европското првенство во фудбал, особено, зависат од довербата на луѓето - во спортот и во властите што го овозможуваат тоа. Нема да дозволиме таа доверба да биде нарушена поради неколку покани и билети“, рече Ројл.

Истражната комисија ги претресува градските администрации на Гелзенкирхен, Дортмунд, Диселдорф, Келн, Хамбург, Берлин, Франкфурт на Мајна, Штутгарт и Минхен.

Претреси се спроведуваат и во две компании во Северна Рајна-Вестфалија, една компанија во Баварија и во седиштето на Германскиот фудбалски сојуз во Франкфурт на Мајна, поранешното седиште на Евро 2024 ГмбХ, како и во градската администрација на Лајпциг.

Повеќе
Израелскиот Кнесет усвои предлог-закон за забрана на муслиманскиот повик на молитва преку звучници
Германија: Двајца мртви, повеќе од 30 повредени во пожар во болница
Иран вложи протест до ОН поради заканата од Израел за атентат врз врховниот лидер Моџтаба Хамнеи
Жан-Ноел Баро го поздрави рамковниот договор меѓу Либан и Израел во телефонски разговор со Рубио
Шефот на турското разузнавање одржа разговори со курдски претставници во северен Ирак
5 будистички монаси-аџии загинаа во сообраќајна несреќа во Тајланд
Катарскиот емир и сирискиот претседател разговараа за преговорите меѓу САД и Иран
Бројот на жртви во земјотресот во Венецуела се искачи на речиси 3.000
Најмалку 11 загинати во масовен руски напад врз Киев
Позитивен напредок во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха
Зеленски: Русија подготвува масовно гранатирање на територијата на Украина
Џ.Д. Венс: Претседателот нема да ја врати војската во Иран освен ако не мора
Ирска го започнува претседателството со Советот на ЕУ
Минималната плата во Косово од денес се зголемува на 500 евра
Петмина повредени во напади со запаливи бомби врз домови на членови на владејачката Нова Демократија