| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Два бродови погодени со дронови во Црното Море кај Бугарија, едниот потонал
Екипажот на потонатиот брод Алфа Ватан, кој пловел под знамето на Того, е исчезнат, а по избувнување на пожарот на бродот Аблпод, кој пловел под знамето на Палау, 18. членови на екипажот биле евакуирани со бугарски ферибот
Два бродови погодени со дронови во Црното Море кај Бугарија, едниот потонал
Спасени се 11 Турци и седум Индијци кои се пренсени во пристаништето во Варна

Два трговски брода биле погодени од беспилотни летала во вторник во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море, од кои едниот потонал, соопштија бугарските власти.

„Екипажот на потонатиот брод е исчезнат“, изјави Румен Николов, директор на координативниот центар за поморско спасување во Варна, цитиран од јавната радио станица БНР.

Екипажот на другиот брод бил спасен, а Владата во меѓувреме свика итен состанок.

Спасувачката операција се одвивала 150 км источно од крајбрежниот град Бјала, според БНР.

„Ноќеска околу три часот, два трговски брода беа нападнати од беспилотни летала и пловила, односно морски и воздушни дронови. Ова несомнено беше потврдено од екипажите. И двата брода беа оштетени. Првиот, кој пловеше под знамето на Того, потона. Од другиот брод, кој исто така беше нападнат и на кој избувна пожар, членовите на екипажот беа евакуирани и беа спасени од наш брод. Единаесет члена на екипажот се турски државјани, а седум се индиски. Ова е апсолутно неприфатлив напад во ексклузивната економска зона на Бугарија. Ова е исклучително сериозно кршење на меѓународното право и поморските прописи воопшто“, изјави бугарскиот премиер Румен Радев.

Специјализираната веб-страница Маритајм (Maritime.bg) наведува дека бродот под знамето на Того „Алфа Ватан“ претрпел значителна штета пред да потоне, додавајќи дека избувнал пожар на бродот под знамето на Палау „Абл“, чии 18 членови на екипажот биле евакуирани со бугарски ферибот.

Инцидентот се случил еден ден по нападот врз турскиот товарен брод „Роџад Мамадов“ во ексклузивната економска зона на Романија, во кој загинаа двајца членови на екипажот, а единаесет беа спасени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека користела два дрона за да го погоди бродот, кој потоа потонал.

Повеќе
Трамп: Имаме многу добри односи со Србија
Процена на ЦИА: Постои ризик од граѓанска војна во Израел и распад одвнатре
Трамп одобри смртна казна со стрелање за напаѓачот од Форт Худ
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои го блокираа косовското Собрание
Палестинец убиен, петмина повредени во напади на израелската армија и доселеници на Западниот Брег
Одбранбената алијанса од Мека го активира колективното одвраќање против нападите на Хутите
Франција: Средношколец остана без дланка од шок граната во судирите со полицијата
Шпанскиот премиер Санчез распиша предвремени избори
Туркије остро ги осуди активностите на Израел во сириската покраина Кунејтра
Ердоган: Туркије нема да се откаже од своите вселенски амбиции
Сијарто негира коруптивна поврзаност со инвестициите на кинески Би-Вај-Ди
Стопанската комора предлага намалување на бројот на неработни денови
Шефот на БНД предупреди: Германија може да биде вовлечена во конфликт со Русија
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Пријавени дојави за бомби во образовни установи во главниот град на Бугарија