| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Будрис по средбата со Муцунски: Литванија ќе продолжи силно да го поддржува вашиот европски пат
Министерот Муцунски нагласи дека со министерот Будрис разговарале за можностите за поинтензивна политичка, економска и секторска соработка, како и за реализација на конкретни заеднички иницијативи во периодот што следи
Будрис по средбата со Муцунски: Литванија ќе продолжи силно да го поддржува вашиот европски пат
Двајцата министри истакнаа дека отворањето македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор за унапредување на партнерството меѓу двете земји / Others

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, на средбата во Скопје оценија дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични и со потенцијал за понатамошно продлабочување.

Во фокусот на разговорите на двајцата претставници беа унапредувањето на политичките и економските односи, зајакнувањето на евроатлантската соработка и поддршката за европската интеграција на земјава.

Двајцата министри констатираа дека постои простор за интензивирање на економската и трговската соработка, како и за реализација на нови заеднички иницијативи во периодот што следува.

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Република Литванија ѝ ја дава на нашата држава во процесот на европската интеграција.

Во тој контекст, министерот Будрис ги поздрави реформските достигнувања на Република Северна Македонија и ја нагласи важноста од продолжување на реформскиот процес како основа за напредок на европскиот пат.

Тој истакна дека проширувањето на Европската Унија мора да остане врвен политички приоритет и оцени дека актуелниот геополитички момент бара нова динамика во политиката на проширување.

„Од 1 јануари го преземаме претседавањето со Советот на Европската Унија, а политиката на проширување ќе биде еден од нашите врвни приоритети. Верувам во силна Европска Унија како силен геостратешки актер. За Европа да биде посилна, мора да биде поголема и да им даде можност на земјите кои предолго чекаат да станат дел од европското семејство. Северна Македонија спроведува реформи и тој напредок е препознаен. Државата е на вистинскиот пат, а Литванија ќе продолжи силно да го поддржува вашиот европски пат. Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа“, истакна министерот Будрис.

Тој додаде дека процесот на проширување мора да остане заснован на заслуги и на објективна оценка на постигнатите резултати.

„Напредокот треба да го мериме врз основа на извештаите на Европската комисија. Од она што го читам во последниот извештај, Северна Македонија е на вистинскиот пат и затоа заслужува наша континуирана поддршка“, порача Будрис.

Министерот Муцунски нагласи дека со министерот Будрис разговарале за можностите за поинтензивна политичка, економска и секторска соработка, како и за реализација на конкретни заеднички иницијативи во периодот што следи.

„Отворањето на македонската амбасада во Вилнус претставува значаен чекор напред. Тоа не е само административна одлука, туку политичка порака дека сакаме уште поблиско партнерство со Литванија и уште поефикасна институционална комуникација“, истакна Муцунски.

Двајцата министри разменија мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа. Во разговорите беше потврдена заедничката определба за понатамошна координација во рамките на НАТО и мултилатералните организации, со цел зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

„Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекува јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост“, изјави Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега.

Повеќе
Арагчи: Иран е единствено одговорен за повторното отворање на Ормускиот Теснец
СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Сирија ги осуди израелските упади и гранатирања на јужниот дел на земјата
Куртулмуш: Прекинот на израелската агресија клучен за обезбедувањето светски мир
Кси му вети на Лукашенко континуирана развојна помош за Белорусија
Дефиле на бебиња во колички и мајки низ велешките улици
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Северна Кореја ја осудува заедничката воена вежба на САД и Јапонија
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.450, над 46.000 лица се исчезнати
Кина стави 20 јапонски субјекти под извозна контрола
Туркије: Израел ги користи настаните од 1915 година за прикривање на злосторствата во Газа
Иран и САД постигнаа договор по нападите: Oрмуз е отворен, преговорите продолжуваат
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Ротирачката врата на Даунинг стрит: Излезот на Стармер и десетгодишната цена од Брегзит