| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Пакистанската војска во саботата соопшти дека во бомбашки и вооружен напад од страна на групата Џамаат-ул-Ахрар врз објект на паравоената единица Синд Ренџерс во Карачи загинале тројца припадници на безбедносните сили, додека четворица биле ранети
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Пакистанските власти соопштија дека операциите биле спроведени како одговор на неодамнешните терористички напади во земјата / Reuters

Пакистанските безбедносни сили спровеле копнени и воздушни операции долж границата со Авганистан, во кои биле убиени најмалку 29 милитанти, објавија денес пакистанските власти.

Според пакистанскиот министер за информации Атаула Тарар, четворица членови на групата Џамаат-ул-Ахрар, фракција на пакистанските талибанци, биле убиени во копнените операции, објави Ројтерс.

Тарар рече дека во воздушните напади врз три цели во авганистанските провинции Пактија, Пактика и Кунар, биле убиени уште 25 милитанти и дека се уништени големи количини оружје и муниција.

Портпаролот на авганистанските талибанци, Забиула Муџахид, пак, објави дека десетици луѓе, вклучувајќи цивили, биле убиени и повредени во пакистанските воздушни напади.

Пакистанските власти соопштија дека операциите биле спроведени како одговор на неодамнешните „терористички напади во земјата“.

Пакистанската војска во саботата соопшти дека во бомбашки и вооружен напад од страна на групата Џамаат-ул-Ахрар врз објект на паравоената единица Синд Ренџерс во Карачи загинале тројца припадници на безбедносните сили, додека четворица други биле ранети.

Исламабад ги обвини авганистанските талибанци дека им засолнуваат милитанти кои планираат напади на пакистанска територија, додека властите во Кабул ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека милитантното насилство е „внатрешен проблем на Пакистан“.

Повеќе
Арагчи: Иран е единствено одговорен за повторното отворање на Ормускиот Теснец
СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Сирија ги осуди израелските упади и гранатирања на јужниот дел на земјата
Куртулмуш: Прекинот на израелската агресија клучен за обезбедувањето светски мир
Кси му вети на Лукашенко континуирана развојна помош за Белорусија
Дефиле на бебиња во колички и мајки низ велешките улици
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Северна Кореја ја осудува заедничката воена вежба на САД и Јапонија
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.450, над 46.000 лица се исчезнати
Кина стави 20 јапонски субјекти под извозна контрола
Туркије: Израел ги користи настаните од 1915 година за прикривање на злосторствата во Газа
Иран и САД постигнаа договор по нападите: Oрмуз е отворен, преговорите продолжуваат
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Ротирачката врата на Даунинг стрит: Излезот на Стармер и десетгодишната цена од Брегзит