Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Северна Кореја следната недела, објавија кинеските државни медиуми.
Дводневната посета, која започнува во понеделник, доаѓа на покана на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави „Синхуа њуз“.
Севернокорејските државни медиуми, исто така, ја потврдија поканата и патувањето.
Двајцата последен пат се сретнаа во септември кога Ким присуствуваше на кинеска воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина.
Си последен пат го посети Пјонгјанг во 2019 година, во неговата прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата во 2012 година.
Имено, посетата на кинескиот претседател доаѓа откако Си ги угости американскиот претседател Доналд Трамп, како и рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг минатиот месец.
Тоа ќе биде и првото патување на Си во странство оваа година.
Тој ја посети и Северна Кореја како потпретседател на Кина во 2008 година, кога таткото на Ким, Ким Џонг Ил, беше лидер на земјата. Постариот лидер почина во 2011 година.















