| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Спроведувањето на планот во голема мера беше замрзнато со месеци поради изборната кампања во Израел, бидејќи Вашингтон се обидуваше да избегне прашањето да се употреби во политичката дебата
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да преземе чекори кон спроведување на неговиот план за Газа по парламентарните избори во Израел.

Трамп ја пренел оваа порака за време на телефонскиот разговор со Нетанјаху, соопшти израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два извора запознаени со дискусиите.

Американскиот претседател сака напредок во планот, кој вклучува префрлање на администрацијата во Газа на палестински технократски комитет и ставање на оружјето под меѓународен надзор, заедно со постепено повлекување на Израел и напори за реконструкција, без оглед на тоа која влада ќе ја преземе функцијата во Израел, се вели во извештајот.

Спроведувањето на планот во голема мера беше замрзнато со месеци поради изборната кампања во Израел, бидејќи Вашингтон се обидуваше да избегне прашањето да се употреби во политичката дебата.

Висок американски функционер изјави дека администрацијата на Трамп сега очекува Израел да ги одобри чекорите што беа одложени од домашни политички причини.

„Сакаме да продолжиме со соработка и ни е потребно целосно партнерство од израелската влада“, рекојл официјалниот претставник.

Функционерот додал дека обновата на Газа нема да започне без напредок кон разоружување на Хамас, нагласувајќи дека процесот ќе биде постепен и ќе биде предмет на проверка.

Американскиот државен секретар Марко Рубио и претставниците на Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, исто така учествуваа во телефонскиот разговор на кој наводно станало збор за конфликтот со Иран.

Во извештајот се вели дека поранешниот британски премиер Тони Блер, висок член на Одборот за мир на Трамп, го посетил Израел следниот ден и се сретнал со Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот за да ја охрабри поддршката за планот.

Првата фаза од планот на Трамп за Газа, објавен во 2025 година, вклучуваше прекин на огнот и ослободување на израелските заложници и палестинските затвореници.

Втората фаза предвидува префрлање на администрацијата во Газа на палестински технократски комитет, распоредување на меѓународни сили за стабилизација и ставање на оружјето под одговорност на Националниот комитет за администрација на Газа под меѓународен надзор, заедно со постепено повлекување на Израел и напори за реконструкција.

Од октомври 2023 година, израелската армија уби повеќе од 74.000 луѓе, а повреди над 175.000 во смртоносен напад врз Газа што ја остави целата територија во урнатини.

Најновиот притисок на САД доаѓа во време кога Израел се соочува со неизвесност околу формирањето на нова влада по парламентарните избори на 27 октомври.

Повеќе
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци
Анкара и Багдад ја потврдуваат посветеноста кон ставање крај на присуството на ПКК во Синџар
Пожар во зграда однесе 14 животи во северна Кина
Самитот за климата COP31 започнува во Туркије, со повици за поодлучни мерки
Ердоган: Туркије ги поддржува напорите на Азербејџан за воспоставување траен мир на Јужен Кавказ
Каџир: На вештачката интелигенција може да ѝ се делегира овластување, но не и одговорност