| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Поранешниот светски шампион во снукер, Дот, осуден на седум години затвор за педофилија
Четириесет и деветгодишниот Шкотланѓанец, кој во 2006 година го освои Светското првенство во снукер, доживотно ќе остане и во регистарот на сексуални престапници откако беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на две деца
Поранешниот светски шампион во снукер, Дот, осуден на седум години затвор за педофилија
Дот ги негираше двете обвиненија за непристојно и развратно однесување кон девојче и момче во периодот од 1993 до 2010 година

Поранешниот светски шампион во снукер Греам Дот денес беше осуден на седум години затвор откако беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на две деца.

Четириесет и деветгодишниот Шкотланѓанец, кој во 2006 година го освои Светското првенство во снукер, доживотно ќе остане и во регистарот на сексуални престапници, објави Би-Би-Си.

Дот ги негираше двете обвиненија за непристојно и развратно однесување кон девојче и момче во периодот од 1993 до 2010 година.

При изрекувањето на пресудата пред Високиот суд во Единбург, судијата лорд Хароуер рече дека Дот им „одзел значаен дел од нивното детство“ и дека неговото однесување ги имало карактеристиките на процес на придобивање на довербата на жртвите, со цел сексуална злоупотреба.

На судењето било кажано дека Дот ги наградувал децата со чоколада и други подароци, ја претставувал злоупотребата како игра и ги предупредувал дека никој нема да им поверува доколку кажат што се случило.

Злоупотребата на девојчето започнала кога имало околу девет години, а Дот 16 или 17, а втората жртва на сексуална злоупотреба, момче на околу осум години, била злоупотребувана по околу една деценија, објави Би-Би-Си.

Судијата рече дека делата претставувале „грубо нарушување на довербата“ и дека кај жртвите оставиле трајни чувства на страв, срам и гнев, кои влијаеле врз нивното ментално здравје и во зрелоста.

Казната е пресметана од 24 август, кога Дот бил притворен.

Дот го победи Питер Ебдон и ја освои својата единствена светска титула во театарот „Крусибл“ во Шефилд во 2006 година.

Тој уште двапати играше во финалето- во 2004 година изгуби од Рони О’Саливен, а во 2010 година беше поразен од Нил Робертсон.

Повеќе
Помина првото гласање за измена на законот за Специјализираниот суд за Косово
АСЕЛСАН ќе развива хибриден систем за противвоздушна одбрана вреден 2.75 милијарди долари
Во Анталија, Туркије, започнува најголемиот светски годишен собир посветен на вселената
Избори во БиХ: Претседателството ќе го водат Беќировиќ, Филиповиќ и Цвијановиќ
21 земја ја усвоија Анталиската декларација за мирно користење на вселената
Јемен: Над 1.700 припадници на Хутите неутрализирани во воени операции
Еден Сириец убиен во израелски воен упад во јужна Сирија
Синот на Болсонаро води по првиот круг на претседателските избори во Бразил
Иран ќе ја ескалира војната ако САД изврши копнена инвазија
Вучиќ: Србија ќе продолжи со самостојна политика и патот кон Европа, без санкции кон Русија
Ердоган: Туркије спроведува целосна револуција во одбранбената индустрија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Чичкото со големи мустаќи ја одржува жива анадолската култура и традиција на Јуруците
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од резервите на нафта за вонредни ситуации во следните 4 месеци
Можат ли Трамп и Кси да го претворат трговското примирје во траен економски мир?