| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши
„Нашата земја е подготвена за размена на искуства и добри практики со Туркије во овие области, особено во делот на развојот на достапни и квалитетни социјални услуги во заедницата.“
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши / Other

Турската министерка за семејство и социјални услуги на Република Туркије, Махинур Оздемир Ѓокташ, во рамките на работната посета на Република Северна Македонија, во Скопје оствари средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Според соопштението од Собранието, претседателот Гаши изрази големо задоволство за можност да се сретне соминистерката Ѓокташ и да разговараат за семејните вредности како цивилизациска определба.

Тој истакна дека социјалната политика и прашањата поврзани со заштитата и зајакнувањето на семејството имаат развиено широк спектар на политики и услуги насочени кон семејствата, жените, децата, лицата со попреченост,
старите лица и другите ранливи категории.

„Нашата земја е подготвена за размена на искуства и добри практики со Туркије во овие области, особено во делот на развојот на достапни и квалитетни социјални услуги во заедницата. Тој изрази уверување дека парламентарната дипломатија може да одигра значајна улога во дополнителното зајакнување на билатерални односи и да отвори простор за нови форми на институционална соработка меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Министерката Ѓокташ истакна дека Република Северна Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство и имаат длабоко вкоренети историски и културни врски.

Таа истакна дека Туркије следните десет година ги прогласила за Деценија на семејството и населението со фокус кон зајакнување и заштита на семејството и децата, поттикнување на бракот, особено кај младите како и зголемување на наталитетот и поддршка за родителите. 

„Двајцата соговорници се согласија дека е потребна поголема заштита и зајакнувањето на семејството и семејните вредности, имајќи предвид дека станува збор за области од големо значење за двете општества. Потребна е поголем соработката на сите нивоа, со оглед на тоа што одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво значајно придонесува за унапредување на севкупните односи меѓу двете земји“, се додава во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Обвинителството отвори истрага против осигурително друштво за перење на над 2,2 милиони евра
Американските преговарачи Виткоф и Кушнер пристигнуваат во Москва и Киев
Кос ја откажа посетата на Србија поради глорификација на Младиќ
Бројот на жртви од потонатиот ферибот кај ТРСК се искачи на 12
АСЕЛСАН успешно го тестираше системот за наведување ЛГК-84
ОН: Израелското зацврстување на анексијата на Западниот Брег е спротивна на меѓународното право
Украина соопшти дека во руските напади загинало едно, а повредени се пет лица во Одеса
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска