| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
По наредба на дежурниот обвинител во Обвинителството на БиХ спроведена е истрага на самото место, запленети се два чамца, а две лица се идентификувани како осомничени шверцери
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Приведени се 63 лица, меѓу кои 40 пакистански државјани и 23 државјани на Бангладеш

Припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина спречија 96 лица во обид за нелегално преминување на државната граница со Хрватска на подрачјето на Градишка и идентификуваа две лица осомничени за шверцување мигранти, соопштено е денес.

Операцијата е спроведена на 2 септември во соработка со Министерството за внатрешни работи на ентитетот Република Српска, а нелегалното преминување е откриено во два наврати во местото Бистрица за време на надзорот на државната граница.

Во попладневните часови запрени се 63 лица, меѓу кои 40 пакистански државјани и 23 државјани на Бангладеш.

По наредба на дежурниот обвинител во Обвинителството на БиХ спроведена е истрага на самото место, запленети се два чамца, а две лица се идентификувани како осомничени шверцери.

Истиот ден во вечерните часови спречен е уште еден обид за нелегално преминување на границата, кога се запрени 33 лица. Од нив двајца пакистански државјани, 13 државјани на Бангладеш и 18 авганистански државјани.

Службата за странци, Теренски центар Бања Лука, е известена за случајот и продолжува работата на предметот.

Повеќе
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија